Ако си лидер на прволигашката табела, и ако имаш амбиција да бидеш шампион, а згора на тоа веќе си ја понел таа титула на полусезоната, тогаш секое твое излегување на терен значи и автоматско задолжително освојување на трите бода. Тоа не е лесен товар, да се носи, особено не во ПМФЛ шампионатот, исклучително специфично и тешко првенство за играње.
Токму затоа, тимот на Вардар, лидерот на ПМФЛ конкуренцијата, денеска како и во изминатите, 24. Кола има задача да победи овојпат во домашни услови, на Арената Тодор Проески.
Таму, од 15:30 часот ќе го одигра скопскиот дуел против тимот на Македонија ЃП во пресметка која што на едната страна значи продолжување на лидерскиот и можен шампионски од, додека на другата страна продолжување на евентуалниот прволигашки живот.
Нема дилеми дека Вардар е фаворит на овој меч, но далеку од тоа дека ќе има лесна задача. Онаа познатата, „сите сакаат да го победат Вардар на Арената“, е добро позната, и важи и за денешниот дуел.

