По паузата поради настапите на нашите репрезентации, од четврток до недела продолжуваат возбудувањата во нашата елитна фудбалска лига. На програмата се мечевите од 25.коло. Колото стартува со дуелот во Куманово (четврток) каде играат Башкими и Тиквеш, а завршува во Струга (недела) каде се среќаваат Струга ТЛ и Работнички.
Вардар во сабота на Арената ја дочекува Македонија ЃП, а Шкендија под Шара се среќава со Пелистер. Во петок играат Брера – Арсими и Силекс – Шкупи.
ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО ВО ПМФЛ
02.042026 (четврток) 12:30 ч

