Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ричард Гир наполни 77 години, сопругата објави фотографии од семејната прослава

    01/09/2026

    Ќерката на Брижит Макрон ja објави врската со 20 години помлад маж

    01/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Поезија над јазичните бариери: „Јуроп хаус“ го одбележа Светскиот ден на поезијата
    Култура

    Поезија над јазичните бариери: „Јуроп хаус“ го одбележа Светскиот ден на поезијата

    27/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    По повод Светскиот ден на поезијата, Јуроп хаус реализираше настани кои обединија поети, уметници и публика, кои заедно го одбележаа овој ден преку јазикот и дијалогот.

    Главните настани се одржаа во Јуроп хаус Скопје и Јуроп хаус Тетово, со фокус на поврзување на поети кои творат на македонски и албански јазик. Овие настани создадоа простор каде поезијата се доживува како заеднички јазик, надвор од разликите и бариерите.

    Во Скопје, настанот „Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve“ беше замислен како поетски дијалог меѓу јазиците. Секоја песна најпрво се читаше во оригинална верзија, а потоа се пренесуваше преку препев на друг јазик, овозможувајќи публиката да го почувствува значењето на стиховите и на двата јазици. Свои поезии читаа Марија Велинова, Лира Бојку, Ивана Јовановска, Валдета Дулахи, Стефан Спасовски и Калприна Садики, додека модератори на настанот беа Арлинда Бафтиу и Андреј Медик Лазаревски. Ваквиот формат овозможи директна интеракција со публиката и создаде уникатно искуство изградено преку поезијата.

    Во Тетово, настанот „Кога зборовите стануваат слики – Kur fjalët bëhen imazhe“ донесе интеркултурен креативен експеримент кој ја поврза поезијата со визуелната уметност. Под модераторство на Ера Ѓакова, поети читаа на својот мајчин јазик, додека присутните паралелно го преточуваа слушнатото во цртежи. Овој интуитивен процес ги поттикна учесниците да реагираат не само на значењето, туку и на емоцијата на секоја поезија. На тој начин се создаде дијалог во кој јазичните бариери се надминуваат, а поезијата се доживува и преку збор и преку слика.

    Одбележувањето на Светскиот ден на поезијата се реализираше и во Струга, град со силен поетски идентитет. Како град на поезијата, Струга има посебно место во културниот пејзаж во земјата, затоа и голем дел од активностите се насочени кон негување на поетскиот израз и кон поддршката кон уметноста, при што Јуроп хаус и оваа година ќе ја поддржи Енхалон наградата во рамки на фестивалот “Струшки вечери на поезијата”.

    Преку овие активности, Јуроп хаус ја зацврстува својата посветеност кон дијалогот, културната размена и уметничкото изразување. Со обединување на различни јазици и заедници, овогодинешното одбележување на Светскиот ден на поезијата создаде момент на поврзување, каде поезијата се покажа како заедничка точка на разбирање.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Ричард Гир наполни 77 години, сопругата објави фотографии од семејната прослава

    01/09/2026

    Ќерката на Брижит Макрон ja објави врската со 20 години помлад маж

    01/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Обилните врнежи предизвикаа поплави и свлечишта во Полошкиот регион

    „Арабеска“ – новата стихозбирка на Милчо Мисоски како современ повик кон убавината и добрината

    „Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.