Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават
    Македонија

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Додека сезоната на грип е веке во ек, граѓаните сè уште немаат можност да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип преку системот vakcinacija.mk. На оваа платформа моментално не е овозможено пријавување за вакцинација, односно пишува „Пријавувањето за вакцинација за сезонски грип е завршено“. Во меѓувреме, во Министерството за здравство денеска најавија дека првите вакцини се очекува да пристигнат за околу десетина дена.

    Во овој момент, не се знае прецизно кога ќе започне пријавувањето, кога ќе стасаат вакцините, дали ќе има доволно за сите заинтересирани, а не се знае ниту кога точно ќе започне вакцинирањето.

    Прецизни одговори немаше ниту министерот за здравство Сашо Клековски, кој денеска во изјава за медиумите кажа дека проблемот со доцнењето бил глобален.

    „Сите три соеви на сезонски грип се нови соеви, што значи дека производителите во Европа и на другите места започнале со задоцнето производстгво. Оваа година повикот беше неуспешен и таква ситуација има во повеќе земји во регионот. Направивме вонредни напори, преку соработка со одредени земји и директна комуникација со еден од европските производители, да обезбедиме од октомври/ноември 56 илјади вакцини од планираните 80 илјади вакцини. Очекувано темпо на пристигнување на вакцините е за десетина дена, а тие 56 илјади дози да се достапни најдоцна до 15 ноември“, кажа Клековски.

    Оваа најава создава дополнителен проблем бидејќи остава простор за различно толкување. Од една страна, „се очекува вакцините да почнат да пристигнуваат за десетина дена“, а 56.000 дози треба да бидат „достапни најдоцна до 15 ноември“. Тоа значи дека системот за пријавување и организацијата на вакцинацијата допрва треба да се воспостават, во услови кога сезоната на грип веќе е во тек. Во земјава, сезоната на грип епидемиолошки се следи од 40 календарска недела што вообичаено се паѓа на почетокот на октомври и трае до 20 недела од следната година, односно до мај.

    Лани, Министерството за здравство набави 80 илјади дози четиривалентна вакцина од производителот „Абот“ од Холандија. Само во првата половина на октомври лани, за примање вакцина се пријавиле 49 илјади граѓани и само во првиот ден кога започна вакцинацијата, во земјата се вакцинирале 2.000 граѓани.

    Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

    Поврзани вести

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус проговори за нејзината смрт: „Не ја присилив да користи дрога“

    САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.