Гаши вели дека не е вина на Собранието тоа што за дел од законите не се почитуваа роковите одредени од Уставниот суд. „Ние не ги правиме измените на законите на кои посочува Костадиновски, туку одредени министерства се задолжени за тоа. На секоја координација има претставник на Влада и кога имаме таков случај ние постојано прашуваме до каде е тој закон. Како политичар не влегувам во конфликт со други институции, но кога би гледале како работи институцијата која ја раководиме таа подобро ќе функционира. Јас гледам како работи и од тоа се водам во раководењето на Собранието. Без мислење од Владата не можеме да преземеме одредени чекори“, рече Африм Гаши.
„Јас не сум сигурен дека веќе ќе бидам толку конструктивен спрема законодавниот дом. На конференција за медиумите реков дека медениот месец за Собранието заврши. Ние три шанси му дадовме на Собранието. Прво беше законот за електронски комуникации му одредивме рок 2 до 3 месеци, но не ја почитува нашата одлука. Му дадовме рок, да не настане несогледливи последици за измените на Кривичниот закон, 10 месеци. Тоа ли е однос спрема Уставниот суд. Јас често велам Собранието е уставно недисциплиниран орган“, вели Дарко Костадиновски.

