Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Доживотен затвор за 19 лица за терористичкиот напад на концерт во Москва
    Свет

    Доживотен затвор за 19 лица за терористичкиот напад на концерт во Москва

    12/03/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Руски суд изрече пресуди за 19 лица обвинети за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва, кој се случи на 22 март 2024 година и во кој загинаа 149 лица, а повеќе од 500 беа повредени, објави Би-Би-Си.

    Четворица од обвинетите, кои биле директни извршители на нападот, се осудени на доживотен затвор. Уште 11 лица, обвинети дека им помагале на напаѓачите со пари, оружје или логистика, исто така добиле доживотни казни.

    Останатите четворица обвинети се осудени на затворски казни од 19 до 22 години, бидејќи им помогнале на напаѓачите да купат автомобил и да изнајмат стан.

    Во моментот на нападот во салата имало околу 6.000 луѓе кои присуствувале на рок концерт. Напаѓачите упаднале во објектот и почнале да пукаат кон присутните, по што подметнале пожари кои го зафатиле објектот. Дел од жртвите починале од прострелни рани, а дел од вдишување чад.

    Одговорноста за нападот ја презеде огранок на Исламска држава. Групата објави и видео од нападот.

    Руските власти во повеќе наврати ја обвинија Украина за вмешаност, но не беа објавени докази. Украинските власти ги негираа овие обвинувања.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 580 парчиња куршуми, две лица лишени од слобода

    Муцунски: Договорот со САД е од големо значење за македонската економија

    Претседателката очекува Македонија да продолжи по европскиот пат, премиерот остава ЕУ да одлучи дали ќе гледа објективно

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.