Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Со интерконекторите со Грција и Србија, Македонија се стреми да биде енергетски транзитен коридор
    Македонија

    Со интерконекторите со Грција и Србија, Македонија се стреми да биде енергетски транзитен коридор

    02/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Регионална енергетска соработка, забрзување на инфраструктурните проекти и зајакнување на сигурноста и отпорноста на енергетските системи се во фокусот на вториот министерски самит на министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија, што идната недела ќе се одржи во Србија.

    За Македонија, особено значајни се двата гасни интерконектори, со Грција и со Србија.
    Интерконекторот Македонија–Грција е еден од стратешките проекти за диверзификација на снабдувањето со природен гас и отворање пристап до повеќе извори и правци преку грчкиот систем, вклучително и LNG инфраструктурата. Проектот има планиран почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за зголемување согласно идните потреби на пазарот, а изградбата на двете страни е во тек со цел проектот да биде завршен во 2027 година.
    Истовремено, Македонија веќе направи конкретен чекор кон новото енергетско поврзување со Србија. Во септември беше потпишан договорот за проектирање и изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во вредност од 29,4 милиони евра. Делницата на македонска територија ќе биде долга 22,4 километри, со двонасочен проток и капацитет од 1,4 милијарди кубни метри годишно.
    „Со реализацијата на интерконекторот меѓу Македонија и Србија, двете земји ќе прераснат во важен транзитен коридор за природен гас во регионот. Поврзувањето на јужните извори на снабдување преку Грција со пазарите во Централна Европа ќе овозможи поголеми транзитни текови, нови приходи од користење на инфраструктурата, зголемена енергетска сигурност и дополнителни економски придобивки за граѓаните и стопанството“, велат од Министерството за енергетика.

    Истовремено, Македонија по повеќе од три децении ќе ја зајакне својата улога не само како земја потрошувач, туку и како земја низ која ќе се одвива регионален енергетски транзит. Особено значаен чекор во меѓувреме е и проширувањето на Вертикалниот гасен коридор кон Западен Балкан. Во септември НОМАГАС и „Транспортгас Србија“ потпишаа Меморандум за проширување на иницијативата, со што Македонија и Србија се приклучија кон регионалната мрежа што ги поврзува Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Украина и Молдавија.
    Целта е да се овозможат поголеми и пофлексибилни прекугранични текови на гас, подобро искористување на постојната инфраструктура и отворање дополнителни можности за снабдување од југ кон север. Во рамките на иницијативата веќе се работи на техничка и комерцијална координација, капацитетите на интерконекциските точки и потребните инфраструктурни инвестиции.
    „Токму овие теми ќе бидат меѓу клучните на вториот министерски самит – како да се усогласат капацитетите, притисоците и режимите на работа на преносните системи, како да се олесни прекуграничниот транспорт и како регионалните инфраструктурни проекти побрзо да се претворат во функционални енергетски врски. На вториот самит ќе се разговара и за сигурноста на снабдувањето со електрична енергија, состојбата и подготвеноста на преносните системи, размената на електрична енергија, развојот на обновливите капацитети и складирањето
    енергија, вклучително и батериски системи и пумпно-акумулациони хидроелектрани, велат од Министерството.
    Ова е особено важно во услови на забрзан раст на обновливите извори во регионот, бидејќи новите соларни и ветерни капацитети бараат посилни мрежи, поголема флексибилност и можност произведената енергија да се складира и пренесува таму каде што е потребна.
    Паралелно, четирите земји ќе ја разгледаат и понатамошната интеграција на регионалните пазари на електрична енергија, како и можностите за заедничко справување со ризиците и предизвиците во снабдувањето.

    Поврзани вести

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026

    Околу 2,2 милиони евра незаконски наплатени од фирмите за брзи кредити ќе им се вратат на граѓаните

    26/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Борис Тадиќ: Брутална употреба на сила на Филозофскиот факултет во Нови Сад претставува напад врз целото општество

    „Мајка храброст и нејзините деца“ на Пројковски за затворање на 50 МОТ

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.