Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Девојката-борец од Македонија – препознаен посебен македонски идентитет во САД во 1905 година
    Политика

    Девојката-борец од Македонија – препознаен посебен македонски идентитет во САД во 1905 година

    20/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во архивата на американскиот весник „Сиракуза Њујорк дејли џурнал“ (The Syracuse New York Faily Journal) од 8 септември 1905 година пронајден е текст со наслов „Девојка се бори со Турците за ослободување на Македонија“. Станува збор за релативно непозната хероина од македонското револуционерно минато (Христина Атанова, или Алатанова), која ја пронаоѓа репортерот на американскиот весник во Македонија. Авторот на текстот ја нарекува „Амајлијата на Македонија“, всушност алудира дека тоа бил прекарот на тогаш 26-годишната учителка Христина А(л)танова, која од учителствување решила да фати за оружје, предизвикана од трагедијата на нејзините ученици.

    Приказната во американскиот весник за учителката од Македонија, која станала борец е кратка, но со фотографија како доказ за автентичноста на постоењето на личноста.

    „26-годишна девојка се зачлени во македонската револуционерна армија и сега маршира низ македонските планини заедно со револуционерните чети, борејќи се против Турците со сета своја енергија и оган што ги има секој еден обучен воин. Госпоѓа Кристина Атанова е модерната Амазонка. Таа е жена од културата, поранешна учителка во Македонија. Пред извесно време неколку нејзини ученици, млади деца, биле ѕверски убиени од распашана чета на турски војници, а Атанова едвај се спасила. Овој инцидент ја натера да се откаже од учителствувањето, и таа ѝ се посвети на својата земја. Се приклучи на востаничките одреди и стана професионален герилски борец. Г-ѓа Атанова меѓу револуционерите е позната како ‘Амајлијата на Македонија’, од причина што кога таа била со својата чета им носела среќа. Таа е брза и прецизна пиштолџика, и во своите неколку битки досега убила петмина Турци“, е содржината на текстот под насловот „Девојка се бори со Турците за ослободување на Македонија“.

    На почетокот од 20-от век, за американската средина, ваквите херојски приказни од Македонија, колку и да биле сензационални со доза на романтичност за девојка-борец, денес се сведоштво и доказ за препознатливоста во светски контекст на посебноста на македонскиот национален идентитет во време кога не постоела македонска држава. Токму затоа, актуелната состојба со политичко условување и обиди за редифинирање на македонскиот национален идентитет преку билатерални договори (Преспанскиот договор) и контроверзни услови за членство на Македонија во ЕУ, изгледаат апсурдно и ги ставаат под сомнеж сите достигнувања на планот на човековите права, во изминатите 120 години.

    Ј.П.  

     

    Поврзани вести

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    Грчка пратеничка бара истрага за наводни онлајн повици за вооружување на Македонците во Леринско

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа ја знае вистинската комбинација за да привлече погледи

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    21/09/2026

    Грчка пратеничка бара истрага за наводни онлајн повици за вооружување на Македонците во Леринско

    20/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Истражување: Младите во Македонија во голема мера евроскептични

    Владата на Венецуела ги обвини САД за големите напади врз цивилни и воени објекти во главниот град Каракас

    Шошкиќ со 14 поени во новата победа на Стони Брук

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.