Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Димитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!

    19/02/2026

    „Водев љубов на џет-ски“: прекрасната русокоса шокираше со изјава

    19/02/2026

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    19/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот
    Политика

    Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот

    18/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Договорот што потенцијално ќе го потпишеме со САД во рамките на параметрите што се содржани во заедничката изјава ќе овозможи македонските компании, односно производите од Македонија помеѓу 62 и 64 царински броеви да се најдат на американскиот пазар со повластени тарифи од 0 до 6,5 проценти“, рече Мицкоски.

    Тој рече дека во 2025 година билатералната трговска размена надминува половина милијарда долари, односно приближно 600 милиони долари, каде што, како што рече, имаме благ суфицит како држава, имаме повеќе извоз отколку увоз во САД, и притоа изрази очекување преку овој договор да се зголемат билатералната соработка и трговијата.

    „Но, повторно ќе кажам, договорот сам по е единствен надвор од Европската Унија, со тарифи исти како што имаат ЕУ и Обединетото Кралство. Но, пораката е силна, и објавата на трговскиот претставник на САД, кој е на ниво на секретар, господинот Грир, дека испраќаат порака кој е нивниот најсилен партнер во регионот, а тоа е нашата Македонија, значи многу, и за инвеститорите и за економската состојба во државата“, нагласи Мицкоски.

    Премиерот потсети дека во рамките на мандатот на оваа Влада во овие 20 месеци е постигнат договор за стратешко пријателство и со Велика Британија.

    „Повторно од опозицијата настапуваат со лажни тези дека ќе сме примале мигранти за пари и тоа траеше со месеци. Еве излезе амбасадорот на Обединетото Кралство, даде интервју и ги демантира. Но, договорот за стратешко пријателство не е само договор, тоа е и порака и ефектите на таа порака ние можеме да ги видиме и во нашата економија, па дури и во условите под кои се издаде еврообврзницата“, рече Мицкоски.

    Тој укажа и на вториот документ, односно први во регионот имаме заеднички усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија.

    „Третата важна дипломатска работа што нè стави во друштвото на функционални и зрели демократии во кои владее правото, каде што се почитуваат човековите права, укинувањето на постмониторинг-мисијата на Советот на Европа, и ние сме единствената земја во регионот што го постигна тоа“, додаде премиерот одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.

    Поврзани вести

    Минчев: Новиот закон воведува транспарентен систем за избор и оценување на високите раководители

    18/02/2026

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.