Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Избор на државен обвинител: Четворица од пет кандидати добија позитивно мислење
    Македонија

    Избор на државен обвинител: Четворица од пет кандидати добија позитивно мислење

    17/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење на четворица од петтемина кандидати за функцијата државен јавен обвинител. Поддршка добија актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова‑Исајловска, обвинителките Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ, како и судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски.

    Петтиот кандидат, судијата Владимир Панчевски, беше исклучен уште пред почетокот на разгледувањето на кандидатурите поради неисполнување на критериумот за непрекинат работен стаж.

    Според претседателот на Советот, Башким Бесими, секој кандидат мора да ги исполни како општите така и посебните услови. За Панчевски било утврдено дека нема континуиран стаж, односно имал прекини во вршењето на судиската функција, која не ја извршува ниту во моментов.

    Бесими нагласи дека членовите на Советот постапиле строго по законските критериуми: „Согласно законот, ги разгледавме сите пријавени кандидати и утврдивме дека ги исполнуваат условите. Сите кандидати имаат долгогодишно искуство – по 15 до 25 години стаж, и затоа дадовме позитивно мислење“, изјави Бесими.

    На прашањето зошто кандидатите не биле повикани на интервју, иако Деловникот го дозволува тоа, Бесими објасни дека членовите веќе добро ги познаваат кандидатите и дека нема законска обврска да се спроведе интервју.

    Постапката за избор почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари, со рок за пријавување од 15 дена од објавувањето во Службен весник.

    Кандидатите мора да имаат најмалку десет години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

    Согласно Законот за јавното обвинителство, пристигнатите кандидатури од Собранието беа препратени до Владата, која побара мислење од Советот. Советот е должен во рок од 15 дена да ги достави образложените мислења до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите со позитивно мислење.

    Поврзани вести

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    18/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Робот „полуде“ за време на училишна приредба во Кина

    АНАЛИЗА: Гостивар и Тетово со долг повисок од 11 милиони евра, три скопски ЈП должат скоро 36 милиони евра

    Кина и Русија реагираат на плановите на Јапонија за испуштање на радиоактивна вода

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.