Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Албанската актерка Анила Биша ја тужи владата за користење на нејзиното лице и глас за креирање на виртуелната министерка Диела

    14/02/2026

    Во Пелистер револтирани: Големо сценарио во Куманово во режија на судиите, се играше „осум на пет“!

    14/02/2026

    Превирања во Беса, Лимани се заканува дека може да придобие 15 пратеници

    14/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Иселени бездомници што направиле депонии во напуштени објекти во Центар
    Македонија

    Иселени бездомници што направиле депонии во напуштени објекти во Центар

    13/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти во Ново Маало и во близина на Буњаковец.

    На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски –Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомни лица, кои живееле во руиниран објект, по што започна и расчистување на сметот во и околу куќата. Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
    На втората локација во Буњаковец, како што информираат од Општината Центар, поради  присуство и на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.
    „Ова не е првпат инспекциските служби на Општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно-правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност“, посочуваат од Центар.
    Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека ваквите објекти во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии се реална опасност за околината и ги повика сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат.

    Поврзани вести

    Николоски: Бугарија го ратификуваше договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

    13/02/2026

    Опаѓа бројот на заболени од грип, за една недела евидентирани 1.306 случаи

    13/02/2026

    САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија

    13/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.