Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Холивуд застана во одбрана на Пол Дејно по коментарот на Тарантино

    03/02/2026

    Селекторот на Хрватска во елемент – зема гитара и направи „фешта“ (ВИДЕО)

    03/02/2026

    Судијаката Ана Рејес го блокираше одземањето на заштитениот статус на 350.000 Хаиќани од страна на администрацијата на Трамп

    03/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сиљановска во Дубаи: Образованието е веќе триалог – наставник, ученик и вештачка интелигенција
    Политика

    Сиљановска во Дубаи: Образованието е веќе триалог – наставник, ученик и вештачка интелигенција

    02/02/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На еминентниот собир, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, Сиљановска-Давкова посочи дека во време на подем на вештачката интелигенција, образованието веќе не е еднонасочна улица на пренесување и помнење факти, туку триалог меѓу наставникот, ученикот и вештачката интелигенција. Таа укажа на потребата фокусот на образованието да се префрли на критичко и креативно размислување.

    „Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не може и не треба да биде забранета. Сепак, тоа треба да се регулира, бидејќи носи бројни ризици, меѓу коишто е зависноста“, рече претседателката.

    Според неа, образованието мора да почне да се фокусира на менталната стабилност, емоционалната интелигенција и етичкото и моралното расудување, што ѝ недостасува на вештачката интелигенција.

    „Ни треба глобален консензус дека вештачката интелигенција во образованието и во секојдневниот живот мора да биде транспарентна, фер и водена од човекот. Вештачката интелигенција мора да биде алатка, а не господар“, рече Сиљановска-Давкова.

    Претседателката смета дека промена на парадигмата е потребна и во македонскиот образовен систем.

    „Верувам дека во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи. Имаме луѓе со одлични идеи. Имаме хемичари и физичари кои се меѓу првите 2% од најцитираните научници на глобално ниво. Имаме жени во STEM кои ги надминуваат регионалните и европските нивоа. Имаме талент и потенцијал, но не можеме да го направиме тоа сами. Ни треба вашата поддршка, идеи, а најважно од сè, вашиот совет. Македонската академија на науките и уметностите, нашите универзитети и факултети се отворени за соработка во истражувачки и развојни проекти од коишто сите би можеле да имаме корист“, рече претседателката на самитот.

    Чест е, напомена, да се биде меѓу некои од најбрилијантните умови на нашето време.

    „Светот драстично се промени. Живееме во време на Четвртата индустриска дигитална револуција, динамична симбиоза на физичкиот, дигиталниот и биолошкиот свет. Ова е ера на паметни системи коишто носат независни одлуки за постигнување на совршенство во производството. Додека стариот свет беше на некој начин ригиден и линеарен, нашиот свет е меѓусебно поврзан и дигитализиран. За промена во светот, потребна е промена во образованието. За тоа, пак, потребно е реалноста да се согледа низ очите на новите генерации. Повеќето од нас овде припаѓаат на аналогната генерација, но учениците во нашите училници се дел од дигиталните, аудиовизуелните генерации Y и Z. Ова се деца кои користат iPad – и пред да можат дури и да одат или да зборуваат. Тие ‘пливаат’ низ интернетот како риби во морето. Тие не можат да замислат свет без дигитална поврзаност. Ова доведува до несовпаѓање. Ние сме аналогно раководство коешто се обидува да управува со дигитална генерација. Овие млади луѓе не бараат долги, ex cathedra предавања или книги од физичка библиотека. Тие ја имаат глобалната дигитална библиотека во џебовите, учат на поинаков начин. Посетуваат онлајн-курсеви од најдобрите универзитети во светот и гледаат куси упатства коишто објаснуваат сложени концепти за неколку минути. Тие не само што го менуваат она што го учат, туку и начинот на кој размислуваат“, истакна Сиљановска-Давкова.

    Како што оцени, образованието веќе не е само наставник кој му зборува на ученик.

    „Сега е триалог што го вклучува наставникот, ученикот и вештачката интелигенција. Оваа нова ‘невронска мрежа’ на образованието е неизбежна. Порано се мислеше дека образованието е ‘таложење’ факти во мозокот. Сепак, паметниот телефон може да содржи повеќе податоци и факти отколку што сите ние заедно би можеле. Ова значи дека фокусот на образованието мора да се префрли од меморирање на критичко размислување. Според Извештајот за иднината на работните места на Светскиот економски форум, 50 отсто од сите вработени ќе имаат потреба од преквалификација до крајот на оваа деценија. Највредни вештини повеќе не се меморирањето или послушноста, туку аналитичкото и креативното размислување. Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не смее и не треба да се забрани. Сепак, треба да се регулира, бидејќи со себе носи ризици, од кои најголем е зависноста. Историјата покажува дека кога малкумина имаат монопол врз знаењето, тогаш многумина назадуваат“, подвлече Сиљановска-Давкова.

    Таа го гледа решението во редефинирање на образованието.

    „Ако вештачката интелигенција нè познава подобро отколку што се познаваме самите себе си, образованието мора да престане да се фокусира на информации што вештачката интелигенција ги има, и да почне да се фокусира на менталната стабилност, емоционалната интелигенција, етичкото и моралното расудување – на она што ѝ недостасува на вештачката интелигенција. Потребен е глобален консензус дека вештачката интелигенција, во образованието, како и во секојдневниот живот, мора да биде транспарентна, правична и водена од човекот. Вештачката интелигенција мора да остане алатка, а не да стане господар. Потребна ни е промена на парадигмата, вклучително и во македонскиот образовен систем. Македонскиот образовен модел, за жал, сè уште функционира според старата парадигма што, пак, дава ниски резултати според PISA и намален потенцијал. Но, верувам дека во науката нема мали и големи држави, само мали и големи идеи. Имаме луѓе со одлични идеи. Имаме хемичари и физичари коишто се во првите 2 % од најцитираните научници на глобално ниво. Имаме жени во STEM, кои често ги надминуваат регионалните, па дури и европските нивоа. Имаме талент и потенцијал, но не можеме да ја направиме промената сами. Потребна ни е вашата поддршка, вашите идеи и, најважно од сè, вашиот совет. Македонската академија на науките и уметностите, нашите универзитети и факултети се отворени за соработка во истражувачки и во развојни проекти, коишто би можеле да ни користат на сите“, потенцира претседателката.

    Поврзани вести

    Он-лајн состанок ЕУ-Западен Балкан за проблемите со превозниците

    03/02/2026

    Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

    02/02/2026

    Мицкоски: И покрај понижувањата на поединци во Брисел, интеграцијата на Македонија во ЕУ не е доведена во прашање

    01/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.