Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Синер со мака до 1/8 финалето на Австралија Опен

    24/01/2026

    Стармер го критикува Трамп за „ужасните“ забелешки за британските трупите на НАТО во Авганистан

    24/01/2026

    Ниту ветар ниту дожд не го спречува Вардар во Сиде (ФОТО + ВИДЕО)

    24/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Агелер до македонските граѓани: Соединетите Американски Држави секогаш ќе бидат покрај вас
    Македонија

    Агелер до македонските граѓани: Соединетите Американски Држави секогаш ќе бидат покрај вас

    22/01/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Американската амбасадорка во заминување, Анџела Агелер, објави отворено писмо до македонските граѓани пред да ѝ заврши мандатот, односно откако беше една од 30 амбасадори на САД кои ги отповика претседателот Доналд Трамп.

    Во писмото до граѓаните на Северна Македонија, Агелер вели дека „Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај вас“ (ALWAYS by your side). Таа набројува повеќе случувања за време на нејзиниот мандат вклучувајќи го одбележувањето на 30 години билатерални односи меѓу двете земји, изградабта на патиштата во рамки на Коридорот 8 и 10д, борбата со корупцијата, судските реформи и санкциите за криминалците.

    Во продолжение објавуваме превод на македонски јазик на писмото на амбасадорката Агелер:

    Драги пријатели,

    Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на Соединетите Американски Држави во оваа прекрасна земја. Тогаш, како и денес, се чувствував понизно и длабоко почестено од исклучителната привилегија да ја претставувам мојата голема нација во вашата.

    Кога ја презедов оваа должност, реков дека имам огромна вера во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија. Оттогаш, таа вера многупати беше оправдана, обновена и зацврстена.

    Исто така, нагласив дека цврсто верувам оти токму тогаш е моментот да се направи вистинска разлика — да се зајакнат економскиот раст, енергетската независност, интегритетот на судството, извонредноста во образованието, отпорноста на културата и европската интеграција. Во одредени области, работејќи тесно заедно, постигнавме реален напредок. Во други, работата продолжува.

    Годината 2025 ја одбележа 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Македонија, иако нашето партнерство датира и од порано. Повеќе од три децении, заедно му покажувавме на светот што можат да постигнат силата, компромисот и трпеливата решителност. А во изминатите три години, ги покажавме и многу конкретните и опипливи резултати на тоа како изгледаат вистинското пријателство и конструктивното партнерство.

    Тоа значи реалистичен план за исполнување на обврските во рамки на НАТО како сериозен сојузнички партнер; набавка на современи тактички возила што се користат во големи мултинационални воени вежби на Криволак или во земји партнери на НАТО. Тоа значи значаен напредок на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјата, кој ќе ги отвори стратешките коридори 8 и 10 на НАТО кон поголема регионална безбедност и значително унапредена трговија меѓу соседите.

    Тоа значи јавно посочување на корупцијата и криминалните организации, придонес кон судските реформи и тогаш кога повратот на вложениот труд бил скромен, како и санкционирање на оние што со години неказнето краделе од вас. Тоа значи работа на создавање можности и надеж во заедници каде што и двете биле згаснати. Тоа значи поттикнување вистински економски раст, реален напредок во инфраструктурните и енергетските проекти и соработка за обезбедување физибилити-студии што го олеснуваат развојот на ресурсите од ретки земни минерали, сајбер-безбедноста и одговорното управување со животната средина. Тоа значи соработка во областа на технологијата, здравството, транспортот, разузнавањето и образованието. Тоа значи зачувување на вашето културно наследство со почитта што ја заслужува како светско богатство. И на многу од овие полиња постигнавме напредок.

    Во овие три години, нашето партнерство прерасна во вистинско и длабоко пријателство со многумина од вас што ги сретнав низ целата земја. Ме пречекавте во вашите училишта, цркви, судници, домови, фарми и винарии. Понекогаш водевме тешки и отворени разговори за прашања што се длабоко важни за двете наши земји и не секогаш се согласувавме — и тоа е во ред. Со мене ги споделивте вашите соништа, вашата визија за оваа земја што ја сакате, вашите фрустрации, па дури и тагата по оние што сте ги изгубиле.

    Секогаш ќе ги чувам како драгоцени приказните, соништата, визиите, мудроста, фрустрациите и радоста што ги споделивте со мене.

    Во оваа земја има нешто магично — нејзината восхитувачка убавина, нејзината историја, традиција и култура; нејзините контрадикторности, како и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе пред големи предизвици и длабоки загуби. Сето тоа го споделивте со мене и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашите бројни добрини, за вашата неизмерна дарежливост и за силата што знам дека ја имате да ја надминете секоја пречка што ќе ви се најде на патот.

    Соединетите Американски Држави СЕКОГАШ ќе бидат покрај вас, верувајќи — како и многумина од вас — во сонот за посилен, попросперитетен, побезбеден и целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник.

    Ве оставам со последна порака на надеж: ова е ваша земја и секој од вас заслужува таа да биде земјата за која сонувате дека може да биде. И по три години, сè уште ја негувам огромната вера што ја имам во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија. Бидете добро, бидете храбри, бидете силни — и јас ќе навивам за вас на секој чекор.

    Со почит,

    Анџела П. Агелер

    Поврзани вести

    Бројот на заболени од рак на грлото на матката расте, ХПВ вакцина и скрининг се клучни за превенција

    23/01/2026

    „Мадам Бовари“ предизвика драма во НОБ, обоистка го обвинува директорот за мобинг, тој негира

    23/01/2026

    Тешко повредена 19-годишна девојка во сообраќајка на булеварот „Крсте Мисирков“

    22/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.