Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Салата Работнички во Центар добива целосно нов лик
    Македонија

    Мицкоски: Салата Работнички во Центар добива целосно нов лик

    17/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.

    Мицкоски посочува дека проектот има цел создавање модерен спортски центар кој ќе одговори на потребите на професионалниот и рекреативниот спорт.

    Салата располага со вкупна површина од околу 2.000 метри квадратни, од кои 1.400 метри квадратни се наменети за спортскиот терен, а 600 метри квадратни за пропратни простории, административни содржини и сервиси. Проектираниот капацитет изнесува приближно 1.000 гледачи.

    Проектот опфаќа изградба и опремување на спортски објект со ФИБА LEVEL 1 стандард, со вградување на енергетски ефикасни системи за греење, ладење и вентилација, подно греење поврзано на градската топловодна мрежа, како и современо спортско осветлување со професионална фотометрија. Предвидено е поставување на квалитетен масивен спортски под, нова спортска опрема и целосно обновување на административните и придружните простории, информира премиерот Мицкоски.

    Тој споделува детали и од работната фаза од проектот за реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со музејска содржина во Радовиш. Објектот, лоциран во централното градско подрачје, добива целосно нова намена и значење како јавен простор од културен и општествен интерес.

    „Во рамки на работната фаза се изведуваат интензивни градежни активности кои опфаќаат конструктивна санација и адаптација на постојниот објект, внатрешно уредување, функционална реорганизација на просторот и создавање услови за современи културни, изложбени и музејски содржини. Со инвестиција од 229.691.396 денари, обезбедена од Министерството за култура, се поставуваат темелите за нов културен центар кој ќе придонесе за збогатување на културниот живот, зачувување и презентација на културното наследство и зголемена достапност на културни настани за сите граѓани“, пишува Мицкоски.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Измените на кривичниот закон до Нова година ќе влезат во Собрание, но нема да се случи општа амнестија, порача Мицкоски

    The Best Pork Kebabs With Grilled Plums and Couscous is Found in Poland

    Дончиќ остана без кош во последната четвртина (ВИДЕО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.