Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје е лишено од слобода
    Македонија

    Лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје е лишено од слобода

    12/01/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерството за внатрешни работи информира дека е приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје.

    „Лишено од слобода лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ стои во соопштението на МВР.

    Министерството за внатрешни работи информира дека инцидентот бил забележан преку видеонадзорот на Амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот.

    Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осудува овој чин насочен кон зградата на бугарското претставништво во Скопјe, симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Македонија.

    Оштетена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, Министерството за надворешни работи на Бугарија со остра реакција

    Поврзани вести

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026

    Жешките точки остануваат во законот за животна средина, пратениците не ги прифатија амандманите од екологистите

    14/10/2026

    Се поправаат дефектите на дистрибутивната мрежа, дел од потрошувачите добија парно

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Фармерките што се хит на социјалните мрежи: тие решаваат проблем што ги мачи многу жени

    15/10/2026

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    15/10/2026

    Ве очекува хаос – подгответе се: 4 хороскопски знаци за кои крајот на октомври ќе биде особено бурен

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шест романи остануваат во трка за наградата „Роман на годината“

    Македонија контра 165 земји во ОН, гласаше против осуда на економското ембарго на САД кон Куба

    Премиерот е задоволен од изградбата на автопатиштата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.