Кошаркарките на Вардар стигнаа до уште една, победа, откако без проблеми славеа на гостувањето во Неготино со 54-84 за скор од седум победи и еден пораз, и враќање на позицијата број 1, која ја делат со екипите на Крива Паланка и Баскет кам по осум одиграни мечеви во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига.
Капитенски одигра Елена Тасевска, која го заврши натпреварот со ефект од 21 поен, на кои додаде и пет скока, три освоени топки и две асистенции. Трајковска додаде 20 поени и по шест скока и додавања, а Николиќ и Пислевска дополнија со по десет поени.
Во домашната екипа која има скор (1-7), прво име бепе Лукиќ, која имапше 24 поени (но и седум загубени топки), а двоен број на поени, вкупно 11, имаше Динова, но и таа загуби доста топки – дури 10.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

