Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион формираа Меѓуопштински одбор за управување со отпад
    Македонија

    Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион формираа Меѓуопштински одбор за управување со отпад

    12/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион формираа Меѓуопштински одбор за управување со отпад што беше услов за продолжување на проектот за изградба на модерна регионална депонија по европски стандарди.
    Како што информираат од Министерството за животна средина, формирањето на Одборот, е клучен момент во создавањето модерен систем за управување со отпад бидејќи со неговото воспоставување општините прават јасен премин од досегашните ад-хок и фрагментирани решенија кон стабилен, системски и одржлив пристап.
    „Новиот регионален модел овозможува предвидливи процеси, јасни надлежности и координација помеѓу институциите, што резултира во подобра организација, поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги, но уште поважно, намалено загадување и значително подобрување на јавната хигиена како и долгорочни придобивки за здравјето на граѓаните. Овој системски пристап е суштински за да се обезбеди конзистентно, транспарентно и професионално управување со отпадот, усогласено со домашното законодавство и европските стандарди“, велат од МЖСПП.
    Прв претседавач на Одборот е градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски, а следните чекори во воспоставувањето на регионалниот систем ќе бидат изработка на нов Регионален план за управување со отпад 2026–2032, финализација на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие,         административно усогласување и координација на надлежните институции, развивање на капацитетите на општинските јавни комунални претпријатија, развивање на регионалнната и локалната инфраструктура за управување со отпад, интензивирана комуникација со јавноста и вклучување на граѓаните и унапредување на отчетноста и транспарентноста на процесите.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трипуновски: Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети поради поплавите

    Худолин: Скопје е најголем загадувач на Вардар, очекуваме итен ангажман од власта

    Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.