Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски се појави на денешната Анкетна комисија за Кочани за да ги слушне сите забелешки
    Македонија

    Мицкоски се појави на денешната Анкетна комисија за Кочани за да ги слушне сите забелешки

    09/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ како и државниот врв присуствувале на анкетната расправа за трагедијата во Кочани, демантирајќи ги, како што рече, „обидите на опозицијата да креира лажна слика“ дека нема да се појават иако до вчера немаше официјална потврда за неговото присуство на седницата на комисијата, како и присуството на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

    „Видовте дека сите бевме присутни. Претседателот на Собранието, јас, бевме таму да ги слушаме ставовите на родителите кои земаа збор, како и дискусиите на „Сапорт Кочани“ и „Кој е следен?“ За да не биде дека лагите ќе станат вистина, тие се распрснуваат“, изјави Мицкоски, изразувајќи сочувство до семејствата засегнати од трагичниот настан.

    Тој нагласи дека како Влада ќе сторат сѐ за нега и поддршка на лицата кои се лекуваат, додавајќи дека неговото присуство имало цел да ги слушне сите забелешки и да види „што е тоа што досега не го слушнал“.

    „Секој пратеник може да достави амандмани за измена на било кој закон. Такви предлози никој што дискутираше денес не доставил. Зошто се чекаа месеци за да се закаже оваа анкетна комисија?“, праша Мицкоски.

    Според него, анкетната комисија не може да донесе правда, бидејќи таа може да произлезе само од судски процес заснован на факти од истрагата.

    „Правда беше зборот кој најмногу го слушнавме од родителите. Но за да има правда, мора да има одговорност. А тоа го констатира судот, откако обвинителството ќе ги изнесе фактите. Јавниот обвинител денес вели дека не може да присуствува затоа што не може да сподели детали од истрагата затоа што може да ја загрози. Тогаш, зошто се чекаше со месеци за да се свика оваа комисија?“, додаде тој.

    Мицкоски потсети дека за случаи како „Беса транс“, „Ласкарци“ и модуларната болница има правосилни пресуди, што овозможува отворено да се говори, но дека ситуацијата со овој случај е различна бидејќи истрагата сè уште трае.

    Поврзани вести

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    18/09/2026

    Странци ловат и пијат крв од животни во Маврово, екологистите бараат националниот парк итно да се заштити

    17/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026

    Трик за чистење на тврдокорната нечистотија од прозорците

    18/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Четворица загинати во судир на училишен автобус и воз во Белгија

    Три хороскопски знаци очекуваат финансиски успех: ѕвездите советуваат претпазливост и штедење

    Вареловски: Посакуваме позитивен резултат со новиот тренер

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.