Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Свети Климент Охридски – еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација

    08/12/2025

    Протекување вода во Лувр оштети стотици книги во Египетскиот оддел

    08/12/2025

    Заеднички концерт на Мартин Џорлев, Нинослав Спировски и Мартин Георгиевски

    08/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Свети Климент Охридски – еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација
    Политика

    Свети Климент Охридски – еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација

    08/12/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Свети Климент Охридски ( заедно со Свети Наум Охридски) претставува духовен основоположник на создавањето на она што денеска се нарекува македонска нација – пред сè преку поставувањето на темелите на македонската црква и неговата улога во создавањето на словенската, а со тоа на македонската писменост на крајот од деветтиот и почетокот на десеттиот век.

    За Свети Климент Охридски се знае дека бил ученик на светите учители Кирил и Методиј, кој по нивната смрт го продолжил нивното дело и ја основал Охридската книжевна школа која е позната и како „прв словенски универзитет“ од кој произлегле 3.500 ученици, па затоа се смета и за покровител на образованието и јазикот.

    Климент дејствувал во времето кога сѐ уште постоел голем отпор кон христијанството како религија на овие простори и затоа се верува дека е рамен на апостолите, затоа што слично како христовите апостоли го ширел христијанството и религијата меѓу словенските народи, и тоа на јазик што им бил познат.

    Во науката големи се верувањата дека Климент директно соработувал со Кирил и Методиј во создавањето на писмото – глаголица, а учествувал и во Моравската и Хазарската мисија на светите браќа, ги преведувал светите книги и напишал голем број свои книжевни дела.

    Се верува дека по смртта на Константин (Кирил), Климент останал да работи заедно со Методиј и тие заедно 15 години поминале во Панонија и Велика Моравија.

    Според некои извори, токму таму Свети Климент го запишал „Опширното житие на Св. Кирил“, или му помагал на Методиј при пишувањето на текстот. По смртта на Методиј, Свети Климент и Горазд требало да го продолжат дејствувањето во Моравија, но со доаѓањето на папата Стефан V, словенската писменост била забранета во Велика Моравија, а учениците на словенските учители биле протерани.

    По враќањето назад, Климент од страна на бугарскиот цар Борис бил испратен да стане учител во областа Кутмичевица која се наоѓала помеѓу западните граници на Охридското и Преспанското Езеро, каде ја основал Охридската книжевна школа.

    Втемелувањето на историска улога на Охридската книжевна школа, која воедно е и духовна школа,  се случило уште во првите седум години од враќањето на Св. Климент од Моравија во Македонија (885/886 – 893).
    Неговата просветителска активност во Кутмичевица резултирала со подготвување за свештеничка, учителска или за книжевна дејност на околу 3.500 ученици. Со доаѓањето и на Св. Наум во Кутмичевица и во Охрид кај својот соученик и духовен собрат во 893 година, заедно ја воспоставиле традицијата на оваа духовна и книжевна школа, којашто во палеославистиката се смета како своевиден Светиклиментов универзитет. Се создале поволни услови да се организира црковниот живот, да се градат нови христијански храмови, да се омасовува монашкиот живот, да израснуваат книжевни и скрипторски центри.

    Според науката, тоа значи дека токму дејноста на светите Климент и Наум Охридски и историската улога на Охридската книжевна школа се втемелени во континуитетот на македонскиот културно-историски идентитет и ја насочуваат изворноста на современата (словенска) македонска духовна и писмена традиција.

    Најголемиот дел од моштите на Свети Климент Охридски се чуваат во манастирот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер, денешна Верија, Грција. Во Софија, пак, има парче од моштите со големина на нокт.
    Моштите и денес се таму, а на Климентовите празници, кои кај народот се познати како летен и зимски Свети Климент, се отворени и поставени за поклонение и молитва во централниот дел на храмот.

    Иако чествувањето на Свети Климент во Македонија како државен празник е воспоставено во 2007 година, тоа е длабоко вкоренето во духовната и народната традиција. Современата Македонска православна црква – Охридска архиепископија се повикува токму на наследството и континуитетот токму на светиклиментовата црковна и духовна традиција, вопоставена во Охрид, во 9-от век.

    За жал, во најновата современост на Македонија и делото на Свети Климент Охридски и неговата поврзаност со создавањето на македонската национална посебност беше ставено на своевидно политичко „преиспитување“, во работата на Мешовитата историска комисија со Бугарија, создадена како обврска од Договорот за добрососедство во 2017 година. Меѓу првите предлози на таа комисија беше и заедничко чествување во Македонија и Бугарија, токму на Денот на Свети Климент Охридски.

    Сепак, значењето на Свети Климент Охридски за Македонија, македонскиот народ, духовност, национален идентитет е нешто што се „ткаело“ континуирано низ вековите, како прифатен завет на традицијата, што секое политичко „преиспитување“ за докажување на некое вештачки наметнато „заедништво“, воспоставува знак на еднаквост со духовна агресија. Свети Климент Охридски е еден од првите „коти“ во историјата на создавањето на македонската нација.

    Ј.П.

    Поврзани вести

    Средби на Гаши во Доха со државниот врв на Катар

    07/12/2025

    Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

    06/12/2025

    Премиерот за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства

    06/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.