Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»ЕУ ја казни платформата „Х“ на Илон Маск со 120 милиони евра поради прекршување на дигиталните закони
    Свет

    ЕУ ја казни платформата „Х“ на Илон Маск со 120 милиони евра поради прекршување на дигиталните закони

    05/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Социјалната мрежа „Х“, во сопственост на Илон Маск, е казнета со 120 милиони евра од Европската комисија поради серија прекршувања на правилата утврдени со Дигиталниот сервисен акт (ДСА). Ова е првата голема санкција за платформата по донесувањето на новите закони за регулирање на содржината и транспарентноста на големите технолошки компании во 2023 година, објави Гардијан.

    Комисијата утврдила дека „Х“ ги довела корисниците во заблуда со синиот знак за верификација, која по преземањето на компанијата од Маск стана достапна како платена услуга за претплатниците на „X Premium“.

    Ова ја нарушило можноста јавноста да препознае автентични профили на политичари, јавни личности и институции. За ова прекршување, компанијата доби казна од 45 милиони евра.

    Платформата е казнета и со 35 милиони евра поради нетранспарентност во рекламирањето.

    Дополнително, Х ќе плати уште 40 милиони евра затоа што не обезбедила соодветен пристап до јавните податоци за истражувачите, кои се клучни за следење на политички чувствителни содржини и онлајн манипулации.

    Европската комесарка за технолошка регулација, Хена Виркунен, изјави дека со оваа одлука Унијата јасно покажува дека скриени рекламни системи и ограничување на истражувачката работа немаат место на европскиот дигитален пазар.

    Американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, минатата недела порача дека Унијата треба да ги преиспита технолошките регулативи доколку сака да избегне високи давачки на американски челик, што од европска страна беше оценето како „уцена“. Сепак, високите претставници на ЕУ нагласија дека регулативите се независни од политичките притисоци и дека Унијата има право да ги регулира големите технолошки компании.

    Маск има 90 дена да достави акциски план за усогласување со правилата, а компанијата има право да ја обжали одлуката пред Европскиот суд на правдата. Во меѓувреме, Комисијата продолжува со три дополнителни истраги против „Х“, меѓу нив и постапки поврзани со евентуално поттикнување насилство и неефикасни механизми за пријавување незаконска содржина.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Како детето наследува висина, тежина и дупчиња на образите?

    ИЈЗ: Овчите сипаници најчести заразни заболувања во март, евидентирани се и нови ХИВ случаи

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.