Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»МВР: Запленети околу 40 тони марихуана, се водат дополнителни истраги за можна врска со роба во Србија
    Македонија

    МВР: Запленети околу 40 тони марихуана, се водат дополнителни истраги за можна врска со роба во Србија

    07/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од Министерството за внатрешни работи изјавија дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тони марихуана и биомаса.

    Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Србија потекнува од нашата држава.

    Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице.

    Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана.

    Исто така, извршени се проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.

    Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.

    Поврзани вести

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

    20/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ако печете храна во валкана рерна – последиците можат да бидат опасни

    Симон Трпчевски и Македонисимо на 26 август во Секирник, струмичко

    МСУ и Велимир Жерновски го подготвуваат македонскиот проект за Венециското биенале

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.