Ливерпул ќе се обиде да го убеди Зинедин Зидан да седне на кормилото на тимот доколку Арне Слот не успее да си ја задржи работата во следните три натпревари. Управата на „црвените“ му дала ултиматум на холандскиот стратег да победи на сите три наредни средби или во спротивно ќе добие отказ.
Весникот „Мирор“ пишува дека шефовите на Ливерпул се соочуваат со низа прашања за иднината, па затоа веќе сериозно се почнати со разгледување и преговори со потенцијални кандидати за нови тренерски имиња.
Иако може да има тешкотии во наоѓањето на вистинската замена на средина од сезоната, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зидан, е еден од тренерите кој е подготвен за враќање на работа.

