Уште еден импресивен настап прикажа маестралниот Словенец Лука Дончиќ.
Лејкерсите ја победија Јута Џез со 108:106 на гостински терен, а апсолутен херој на триумфот беше словенечката суперѕвезда. Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки.
Лука го изведе и најатрактивниот потег на вечерта. Тој пресретна додавање од искусниот Кевин Лав, изведе контранапад, а потоа му ја протна топката низ нозете на поранешниот шампион на НБА, а потоа беше причината за актрактивниот финиш.
Коментаторот, кој го пренесуваше овој натпревар, не можеше да се свести по чудотворниот потег на Словенецот.

