Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Куп на Македонија: Шкендија и Тиквеш во битка за 1/4 финале!

    19/11/2025

    Конгресот го одобри законот за објавување на досиејата на Епштајн што ќе бидат доставени до Трамп

    19/11/2025

    (Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд

    19/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Денес почнува големото судење на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“
    Македонија

    Денес почнува големото судење на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

    19/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Денес точно во 9.30 часот започнува едно од најголемите  судење во  Македонија. Се работи за судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица.

    Судењето ќе се одвива во новата судница во близина на затворот „Идризово“. Денес целата судница е под засилени безбедносни протоколи. На судењето ќе се присутни семејствата на жртвите кои ќе ја слушнат вистината која ја чекаат девет месеци, при што правосудниот систем е исправен пред најтешкиот тест досега.

    Случајот опфаќа 38 обвинети, од кои 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.

    Обвинителството ќе треба да докаже вина на вкупно 38 обвинети, за низа тешки дела против општата сигурност. Според обвинението, трагедијата не била несреќен сплет на околности, туку последица на години игнорирање на законите, погрешни одлуки и системски пропусти. „Пулс“ работел незаконски уште од 2012 година, без минимално-технички услови, со нерегистрирани реконструкции, без соодветна противпожарна заштита и со крајно небезбедни услови за посетителите.

    Во документите што ќе ги презентира Обвинителството стои дека повеќе институции издавале лиценци спротивно на законот, не вршеле потребен инспекциски надзор, дозволувале преполнетост на капацитетот и влез на малолетници. Најкритичниот момент настанал кога, за време на настапот на групата „ДНК“, биле активирани пиротехнички средства без дозвола, искра што ја запалила целата трагедија. На брифингот со новинарите што се одржа во судницата во Идризово, претседателката на Основниот кривичен суд, Даниела Димовска, истакна дека судот ќе ги обезбеди сите неопходни услови за фер и транспарентна постапка, со апел за почит и достоинство кон сите страни, особено кон жртвите и нивните семејства. Таа нагласи дека судот е исправен пред голема задача и дека е важно да не се подлегнува на сензационализам.

    Јавниот обвинител Љупчо Коцевски уште на прес-конференцијата одржана на 16 јуни јасно порача дека секоја институција имала можност да спречи дел од ризиците, но пропустите се таложеле, создавајќи „ланец што неминовно водел кон катастрофа“.

    Со процесот ќе раководи судијката Диана Груевска-Илиевска, која со 19 години искуство и долга листа на високо профилирани предмети, меѓу кои и судењата за поранешните премиери Владо Бучковски и Зоран Заев, како и случајот за тешката несреќа кај Ласкарци.

    Додека се чека потег од пратениците, на првото рочиште во судницата во Идризово на 19 ноември треба да се појават сите 34 обвинети. Тројца од нив се одговорни лица, сопственици и управители на фирмата КЛАСИК ДМ – Кочани со подружница Кабаре ПУЛС и фирмата ММММ КАФЕ – Кочани, кои вршеле угостителска дејност во кобниот објект од декември 2012 година. Меѓу обвинетите е и братот на сопственикот на дискотеката кој, според обвинителството, бил одговорен за продажба на билети и контрола на бројот на гости и нивната возраст.

    На обвинителна клупа треба да седнат и тројца градоначалници на Кочани. Љупчо Папазов (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше на функцијата во моментот на трагедијата, како и неговите претходници Николчо Илијев (СДСМ) и Ратко Димитровски (ВМРО-ДПМНЕ). Според обвинителството, тие знаеле дека во градот постои ноќниот клуб „Пулс“, но не преземале ништо односно локалот не бил впишан во регистарот на општината согласно Законот за угостителска дејност. Тие, како што тврди обвинителството, овозможиле локалот да работи и сопственикот да си плаќа надоместок за вршење угостителска дејност – кабаре.

    Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, како поранешни министри за економија, исто така, се опфатени со обвинението. На списокот се и еден државен секретар и петмина службеници од Министерството за економија кое е надлежно за издавање лиценци за ноќните клубови.

    Истрагата првично опфати уште двајца министри од овој ресор, Беким Незири и Дритон Кучи, но за нив како за уште три лица од овој ресор постапката беше запрена поради недоволни докази.

    На обвинителна клупа ќе седне и актуелниот министер без ресор во Владата, Шабан Салиу, кој се гони како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со уште тројца други бивши директори, но и еден генерален инспектор кој бил раководител на инспекциска служба во ДЗС. Се гонат и локални инспектори, како што се на пример, тројца градежни инспектори од Општина Кочани, членови на обезбедувањето и други.

    Поврзани вести

    Падот на Cloudflare предизвика прекин на голем дел од интернет сајтовите

    18/11/2025

    Бесплатно тестирање за ХИВ во младинскиот центар „Сакам да знам“

    18/11/2025

    Медиумската писменост е од суштинско значење за зајакнување на колективната одбрана од манипулации со информации

    17/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.