Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Никола Митревски ја има втората најдобра одбрана во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

    14/11/2025

    (Видео) Објавена е листата на најдобрите острови во Европа во 2025 година

    14/11/2025

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Измените на кривичниот закон до Нова година ќе влезат во Собрание, но нема да се случи општа амнестија, порача Мицкоски
    Политика

    Измените на кривичниот закон до Нова година ќе влезат во Собрание, но нема да се случи општа амнестија, порача Мицкоски

    13/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што нè задолжил сите нас и нашите неродени деца. Во буџет од 6,5 милијарди, ние треба да враќаме 2 милијарди долгови, од некој кој душмански ја задолжувал државата. Ја повикувам јавноста нека каже, дали треба да се зголемат платите на судиите и обвинителите? Еве, јас ќе ја донирам мојата плата, ама барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати на лица кои немаат никаков рејтинг. И, ако е тоа клучната реформа која треба да се направи, простете, но јас нема да ја направам“, рече Мицкоски.

    На прашањето за смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, премиерот кусо одговори „почекајте, ќе видите“.

    „И не можеме ние да одвоиме повеќе пари од буџетот за независно финансирање на обвинителството и судовите, од да речеме најразвиените земји во ЕУ. Тоа не можеме да го направиме. Така што, ова се реформите. Сакам јавноста да знае реформите се за повисоки плати, не се реформите за некој суштински измени, не знам какви. Такви има во Кривичниот законик, и тоа го правиме под притисок на одлуката на Уставниот суд. И тоа ќе го направиме до Нова година ќе влезат во парламент тие измени, за да не се случи да направиме една општа колективна амнестија во општеството и сите криминалци коишто се во затвор да излезат“, рече Мицкоски.

    Според него, секој треба да има одредена одговорност за своите одлуки, алудирајќи на измените на Кривичниот законик направени од претходната влада, со што, како што вели, „таа направи многумина да имаат политичка амнестија“.

    „И сега, еве кога ќе го смениме ние, без разлика дали ќе покренеме дело против некој од претходната влада, којшто наочиглед направил криминал, тој ќе се повикува на тој (закон), којшто тие го донесоа на шверцерски начин во парламентот со европско знаме. Тогаш сите молчеа! Сите што денес се гласни молчеа, а денес ни велат извештајот на ЕК ‘вели така и така“. Каде бевте тогаш? Срамежливо стоеше таму во извештајот една реченица. Зашто, затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновен. Мораме да ги кажуваме работите како што се, не онака како што некој сака да ни ги претстави. А ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ја завршиме домашната задача. Ајде ќе видиме тогаш што ќе се случи“, порача премиерот.

    Премиерот повтори дека и со промената на името, земјава денес е онаму каде што била пред 25 години.

    „Супер е – да го смениме Уставот, најдобри ќе бидеме. Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме. Онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во ЕУ. Тоа нема да го дозволиме. Оваа Влада нема тоа да го дозволи, додека сум јас таму, кога ќе дојде друг нивна работа“, истакна премиерот одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.

    Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да дејстуват, отфрлајќи ги шпекулациите на опозицијата дека и други луѓе од власта се вмешани во злоупотребата на финансиски средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

    Тој повтори дека се единствена влада, која кога ќе забележи девијантно однесување веднаш реагираат.

    „И тоа е вистинска борба против криминал и корупција и тие коишто се замешани, се наоѓаат таму каде што треба да се најдат“, изјави Мицкоски.

    Ја повика опозицијата, како што рече, да не се затскрива зад прашања, туку да излезе со тврдења.

    „Тие држат прес-конференции со прашања. Ако се толку сигурни во тие тврдање, нека излезат и нека кажат. Замешан е Христијан Мицкоски, замешан е тој и тој. Затоа што вака е кукавички, не оставаат впечаток. И нека ни помогнат, јас јавно повикувам, еве сите што имаат докази за злоупотреба, нека дојдат и нека ги достават тие докази за да можеме ние да дејствуваме. Така што апсолутно ги отфрлам тие шпекулации и нека остават да си ја работиме работата онака како што треба, ама да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри. И тогаш да ги видам, повторно да излезат на прес-конференција“, посочи Мицкоски.

     

    Поврзани вести

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/2025

    Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел на Македонија и Србија – стабилен и економски поврзан регион

    12/11/2025

    ДИК: Локалните избори 2025 се официјално завршени – резултатите се конечни

    12/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.