Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Трчањето во зима е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело

    11/12/2025

    Димитријевиќ на чекор до дабл-дабл, Зенит победнички!

    11/12/2025

    ЗНМ: Остра осуда за нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

    11/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Средби на Божиновска на Форумот во Атина, во фокусот инфраструктурното поврзување со регионот
    Политика

    Средби на Божиновска на Форумот во Атина, во фокусот инфраструктурното поврзување со регионот

    08/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти  дека Божиновска имала интензивна дипломатска активност и оти имала билатерални средби со американскиот секретар за енергетика, Крис Рајт, грчкиот министер за енергетика, Ставрос Папастравру,  извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис,  како и со бугарскиот колега Жичо Станков.

    Божиновска и Станков ја истакнале важноста на проектот East – West Transmission Corridor (EWTC) како клучна иницијатива за зајакнување на регионалната поврзаност, интеграција на пазарите и зголемување на капацитетите за обновлива енергија, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.

    „Во разговорите беше подвлечена и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, што ќе придонесе за поголема достапност и пониска цена на гасот, како и за зголемена енергетска сигурност во регионот. Во таа насока, двете страни се договорија за организирање на заедничка средба меѓу претставници на двете земји за подобра координација и размена на информации за заедничките проекти“, соопшти МЕРМС.

    На средбата со извршниот директор на грчкиот независен оператор за пренос на електрична енергија (IPTO – ADMIE), Манусакис, се разговарало за продлабочување на техничката соработка и за можности за нови интерконекциски врски кои ќе придонесат за стабилен и одржлив регионален енергетски систем.

    „Вниманието кон Македонија на P-TEC форумот беше јасно – тоа е потврда дека нашата земја е активен и доверлив партнер кога се зборува за енергетска стабилност, стратешки инвестиции и сигурна иднина за регионот“, изјави министерката Божиновска.

    Таа изразила особена благодарност до премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, и до грчкиот министер за животна средина и енергетика, Ставрос Папастравру, за поддршката и вниманието што го посветиле кон Северна Македонија.

    На маргините на форумот, министерката разговарала и со хрватскиот министер за економија Анте Шушњар, кипарскиот министер за енергетика, трговија и индустрија Ѓоргос Папанастасиу, како и со Дите Јул Јоргенсен, генерална директорка за енергетика во Европската комисија.

    Форумот P-TEC, кој ги обединува министерите за енергетика од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог и координација на политиките во насока на сигурна, чиста и поврзана енергетска иднина. 

    Поврзани вести

    Невзат Бејта најави кандидатура за градоначалник на Гостивар со поддршка на Вреди

    11/12/2025

    Tошковски: Во Македонија нема да има никакви кампови за мигранти

    11/12/2025

    И крилото на Таравари во Алијансата за Албанците даде поддршка на припадниците на ОВК во Хаг

    10/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.