Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    15/09/2026

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    15/09/2026

    Македонија идната година ќе учествува на Евровизија

    15/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Итeн состанок во Белгија по појавата на дронови над воени бази и аеродроми
    Свет

    Итeн состанок во Белгија по појавата на дронови над воени бази и аеродроми

    06/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Белгискиот Совет за национална безбедност ќе одржи итен состанок откако неидентификувани дронови покренаа безбедносни сомнежи, објави Гардијан.  Во вторник навечер, пристигнувањата и поаѓањата на аеродромот во Брисел, најпрометниот во земјата, беа прекинати неколку часа.

    Полицијата и армијата забележале четири дрона над воената база Шафен кај градот Диест. Белгиските власти веќе истражуваат неколку прелети на дронови над воени бази, меѓу кои и Клајне-Брогел, каде што се наоѓаат F-16 авионите на Белгија и каде, според медиумите, се чуваат американски нуклеарни боеви глави.

    Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен изјави пред парламентот дека инцидентите изгледаат координирани.

    „Ова не е случајна активност, има повеќе индикации дека се работи за структурирана и организирана операција“, рече тој.

    Инцидентите се случуваат во момент на зголемени тензии меѓу Белгија и Русија. Во последните недели, Москва реагираше на изјавите на Франкен, кој во интервју рече дека не се плаши од нуклеарен напад врз Брисел, бидејќи „НАТО би ја срамнил Москва со земја“.

    Покрај тоа, Белгија ги разочара европските сојузници со тоа што го блокираше планот на ЕУ да и додели на Украина позајмица од 140 милијарди евра од руските замрзнати средства во Брисел.

    Министерот за внатрешни работи Бернар Кантен изјави дека повторувањето на вакви инциденти директно ја загрозува националната безбедност и повика на итен состанок на Советот за национална безбедност, во кој членуваат премиерот Барт де Вевер, највисоките министри, како и претставници од полицијата и безбедносните служби.

    „Мораме да дејствуваме смирено, сериозно и координирано“, напиша Кантен на Х.

    Во меѓувреме, аеродромот во Брисел предупреди патници дека можно е доцнење и во наредните денови, откако 95 летови беа откажани, а околу 500 патници ја поминале ноќта на аеродромот поради прекините.

    Белгиските власти најавија дека ќе ја засилат воздушната контрола и безбедносниот надзор додека трае истрагата за потеклото и целта на дроновите.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    15/09/2026

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    15/09/2026

    Македонија идната година ќе учествува на Евровизија

    15/09/2026

    Хари и Меган ги менуваат училиштата на своите деца по само два дена од безбедносни причини

    15/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Дури ни Леброн Џејмс не можеше да поверува за колку пари се продаде една од неговите „сликички“

    Промоција на книгата „НУ библиотека ’Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од Милчо Јованоски

    Многу блиску сме до одлука сами да го градиме „Чебрен и Галиште“, вели премиерот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.