Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026

    Обвинителството поведе постапка против 27 лица за злоупотреба на возачки дозволи

    12/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонија контра 165 земји во ОН, гласаше против осуда на економското ембарго на САД кон Куба
    Македонија

    Македонија контра 165 земји во ОН, гласаше против осуда на економското ембарго на САД кон Куба

    30/10/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство гласаше за осуда на економското ембарго на САД врз Куба кое трае 33 години. За гласаа 165 држави, а воздржани беа 12 воздржани. Против осудата на блокадата кон оваа држава, во моментов погодена од еден од најсилните урагани во последните години, Мелиса, гласаа седум држави. Меѓу нив беа САД, Аргентина, Украина и Унгарија, како и Македонија. Минатата година, гласањето беше 187 гласа за и само два против, САД и Израел и еден воздржан. Ваквите резолуции не се правно обврзувачки, но го одразуваат светското мислење.

    Во интервју за Асошиејтед Прес, кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез рече дека САД започнале кампања за притисок за да влијаат на гласањето. Родригез рече дека неговата влада слушнала од други земји, главно во Европа, дека Стејт департментот ги охрабрува да гласаат против резолуцијата.

    Како одговор, портпарол на Стејт департментот изјави во среда дека кубанскиот режим не заслужува поддршка од демократските сојузници на Америка.

    „Со години, кубанската диктатура ја користеше својата годишна резолуција против ембаргото во ОН како пропагандна алатка за да го одвлече вниманието од сопствената корупција, некомпетентност и брутална репресија врз кубанскиот народ“, продолжи соопштението.

    Пред гласањето, американскиот амбасадор во ОН, Мајк Валц, ја опиша годишната вежба како политички театар од страна на Куба за да се претстави како жртва на агресија, додека јасно се опишува себеси како непријател на Соединетите Американски Држави.

    „Би предложил нашите земји-членки да престанат да го смируваат режимот со своите гласови и наместо тоа да го искористат ова гласање за да му испратат порака на светот“, рече Валц за време на дебатата во вторникот. Тој рече дека гласањето, исто така, може да ѝ сигнализира на Куба да не ги обвинува Соединетите Американски Држави за сите свои економски проблеми.

    Родригез формално за забелешките на Валц рече дека се нецивилизирани, груби и одвратни.

    „Господине Валц, ова е Генералното собрание на Обединетите нации. Не е разговор на Сигнал, ниту е Претставнички дом“, рече кубанскиот претставник.

    „Добро сум свесен за местото каде што зборуваме. И ова не е ниту комунистичка нелегитимна законодавна власт во Хавана“, одговори Валц.

    Валц, поранешен републикански конгресмен, беше советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп претходно оваа година пред ненамерно да додаде новинар во приватниот разговор за Сигнал што се користи за дискутирање на чувствителни воени планови. Валц инсистираше дека разговорот ги исполнува владините стандарди за сајбер безбедност.

    Родригез, во интервјуто, рече: „Не можеме да ја потцениме важноста, влијанието на моќната порака година по година од Генералното собрание, кое е најдемократското, репрезентативно тело на меѓународната заедница“. Резолуцијата, додаде тој, не е обврзувачка, но е моќна.

    САД, од своја страна, се противат на описот на економските ограничувања како блокада.

    Поврзани вести

    Обвинителството поведе постапка против 27 лица за злоупотреба на возачки дозволи

    12/09/2026

    Претреси на 32 локации во Скопје, се бараат докази за фалсификувани возачки дозволи

    11/09/2026

    Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

    11/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026

    Обвинителството поведе постапка против 27 лица за злоупотреба на возачки дозволи

    12/09/2026

    Лејди Гага стана мајка

    12/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Не можам да ги разберам домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава

    Снег, одрони и сообраќајни незгоди блокираа повеќе патишта низ земјата, АМСМ препорачува внимателно возење

    Колку чини дезинформирањето? Политичарите поттикнуваат апатија и недоверба, нанесувајќи штета на патот кон ЕУ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.