Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Презентирани македонски зелени иновации – „трутово млеко“, филамент од отпадна пластика и тестенини од печурки
    Македонија

    Презентирани македонски зелени иновации – „трутово млеко“, филамент од отпадна пластика и тестенини од печурки

    03/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Вчера, во организација на здружението АРНО, се одржа настанот „Иновативна зелена економија преку македонски примери“, кој имаше за цел да ги
    презентира иновативните идеи на македонските организации Ековита, Јавор Зрновци и Ино Тех Клуб. На настанот беа презентирани македонските зелени иновации: „трутово млеко“, филамент од отпадна пластика и тестенини од печурки.

    Овие организации имаа можност да создадат прототипи на македонски зелени производи. Во воведниот дел, Ирина Јаневска од АРНО истакна дека проектот ЕИЦЕЕ е стратешка иницијатива за воспоставување на мрежа за циркуларна економија. Покрај подготовката на национални извештаи и научни трудови за јавн  политики, клучниот придонес на проектот е создавањето на уникатна регионална инфраструктура.

    Мрежата вклучува „I2 Makerspace“ во Подгорица за еко-дизајн и 3R решенија, центар за рециклирање електронски отпад во Пеќ, „Дели центар“ во Ниш за еко-дизајн и производи од глина, како и „Matchmakers Center“ во Сараево за поврзување на зелените производители со индустријата. Во рамки на оваа мрежа, во Скопје е основан Центарот за поправки „Ништо ново“ како регионален хаб за едукација, поправки, пренамени и платформа за поддршка на импакт претпријатија.

    Јаневска истакна дека проектот е мозаик, а секој партнер има своја улога и свој центар.

    „Ако пораснеме во простор и тим, би ги презеле сите добри практики – би донеле и печки за глина, и ЦНЦ машини и други алати. Истовремено сме и благодарни што „Ништо ново“ направи бум кај нас – за 11 месеци работа организиравме 45 работилници посетени од 550 лица, а интересот е постојано тродупло поголем од капацитетот. Некогаш не објавуваме јавно работилници за да ги услужиме веќе пријавените. Благодарни сме и што со грантовата шема се поддржаа македонските зелени иновации, бидејќи нашата земја има најмногу добиени грантови во регионот“, рече таа.

    Организацијата Јавор Зрновци го претстави „Трутовото млеко“, иновација која го користи потенцијалот на трутовите кои пчеларите, а и самите пчелни семејства во одреден дел од годината, вообичаено ги отстрануваат. Од нив се добива производ богат со минерали, протеини, витамини, ензими и аминокиселини, многу сличен на матичниот млеч, а неспоредливо поефтин.

    „Богатство се трутовите, а ние ги фрламе. За оваа пролет веќе имаме многу пчелари кои го воведуваат овој нов производ, а научната јавност е целосно запознаена. Тука не запираме, веќе развиваме и протеинска лимунада, бидејќи нашата крајна цел е да придонесеме за создавање поздрава нација“, истакна Благојче Најдовски од Јавор Зрновци.

    Ино Тех Клуб прототипирал филамент за 3Д принтање од рециклирана отпадна пластика, кој се развиваше во лабораторијата „Ино Фаб Лаб“ при Технолошко-металуршкиот факултет.

    „Горди сме што го претставуваме првиот функционален рециклиран филамент за 3Д принтање кој не е само прототип, туку доказ дека од отпад може да се создаваат иновативни и конкурентни материјали. Овој плод на тимска научно-истражувачка работа ја става земјава на мапата на земји со реални производи во сегментот на кружна економија“, порача Верица Јорданова од Ино Тех Клуб.

    Организацијата Ековита го претстави проектот ИНО Хаб и брендовите „Гаџун“ и „Мушрони“, создадени со вклучување на ранливи групи во село Вешје.

    „Преку проектот набавивме соларна сушара и обучивме самохрани родители и млади невработени лица за производство на храна со додадена вредност. Гаџунот е наша иновација, тоа е маџун со габи. Мушрони се тестенини од печурки, со низок гликемиски индекс, погодни и за дијабетичари. Иако веќе имаме заштитени трговски марки и сме присутни на пазарот, потребен ни е подобар пласман за овие здрави производи да стигнат до што поголем број
    потрошувачи“, изјави Кристина Тодорова од Ековита.

    Проектот „EICEE – Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“ е поддржан од Европската Унија, преку програмата за граѓанско општество и медиуми на Западен Балкан и Турција (ИПА 3). Проектот го спроведува ADP-Zid (Црна Гора) во партнерство со CEDRA Split (Хрватска), Deli (Србија), АРНО (Македонија), Lens (Косово) и Green Building Council (БиХ).

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Коцевски: Адвокати да не изнесуваат неосновани очекувања за предметот со дискотеката „Пулс“

    (Фото) Најпосакуваниот моден додаток за сезоната – нема да излезете од дома без него

    Слот: Имавме доволно шанси за водство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.