Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нова изборна постапка во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, 60 дена по завршување на вториот круг
    Македонија

    Нова изборна постапка во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, 60 дена по завршување на вториот круг

    30/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини во првиот круг не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.

    Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49 проценти.

    Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на градот Скопје не излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина.

    Следствено, член 132-а вели дека повторените избори од членот 132 став (2) за соодветната општина се одржуваат во рок најдоцна 60 дена по објавување на конечните резултати, при што нема да се применува условот предвиден во членот 132 став (1) од овој законик што се однесува на излезноста од една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

    Така, целиот прв круг за овие општини ќе се повтори, а новата изборна постапка ќе започне во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

    Вториот изборен круг за Локалните избори 2025 е закажан за в недела, кога ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.

    Во првиот изборен круг од Локалните избори 2025 беше извршен избор на градоначалник во 44 општини.

    The post Нова изборна постапка во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, 60 дена по завршување на вториот круг appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Граѓаните на Србија излегуваат на избори, студентското движење во обид да го собори популистот Вучиќ

    25/10/2026

    Семејни врски, бизниси и милиони оспорени евра, што се крие зад студијата за јавно-приватно партнерство за објектот на Општина Тетово?

    24/10/2026

    УЈП апелира граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

    24/10/2026

    Во домот „Стив Наумов“ се пушело во собите и се корнеле радијатори, велат од МОН

    24/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    „Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“: Работилница за деца во Јавна соба

    Албанската актерка Анила Биша ја тужи владата за користење на нејзиното лице и глас за креирање на виртуелната министерка Диела

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.