Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    21/01/2026

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    21/01/2026

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    21/01/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Макрон одби да даде оставка и ги обвини политичките противници за кризата во земјата
    Свет

    Макрон одби да даде оставка и ги обвини политичките противници за кризата во земјата

    14/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги обвини ривалските политички партии за поттикнување на нестабилност, отфрлајќи ги повиците на опозицијата да поднесе оставка во услови на најлошата политичка криза во Франција во последните децении.

    Макрон, откако пристигна во Египет во понеделник за да присуствува на самит за Газа рече дека ривалските политички сили се единствено одговорни за овој хаос откако тие ја поттикнаа дестабилизацијата на премиерот, Себастијан Лекорну.

    Лекорну, сојузник на Макрон, го одржа својот прв состанок со новата влада на Франција откако назначи мешавина од верни членови од центристичката група на Макрон, како и неколку лица од повисоките редови на државната служба и граѓанското општество. Меѓу новите членови беше и Жан-Пјер Фаранду, кој ја предводеше државната железница, SNCF, а сега е министер за труд.
    Лоран Нуњез, кој беше помлад министер во Министерството за внатрешни работи за време на протестите на жолтите елеци во 2018 и 2019 година, беше назначен на клучната позиција министер за внатрешни работи. Неодамна беше началник на париската полиција, одговорен за полициското работење на Олимписките игри минатата година.

    Ова е втората влада на Франција за една недела, првата влада на Лекорну се распадна по 14 часа поради реакциите поради недостаток на нови лица, а тој драматично поднесе оставка минатиот понеделник. Лекорну потоа беше повторно назначен од Макрон во петокот навечер и брзо состави нова администрација во неделата. „Колку долго ќе трае?“ прашаа неколку регионални весници, вклучувајќи го „Ла Прованс“ и „Ла Република“.

    Франција се движи од криза во криза откако Макрон се обложи со предвремени избори минатата година што доведоа до неубедлив резултат. Парламентот останува поделен меѓу трите блока: левицата, крајната десница и центарот, без јасно мнозинство.

    Некои партии го повикаа Макрон да поднесе оставка. „Никогаш не заборавајте дека мандатот даден од францускиот народ е да служи, да служи и да служи, и да дава одговори на прашањата на обичниот Французин и да прави сè што е можно за независноста на Франција“, рече Макрон. „Тоа е единственото нешто што е важно. Останатото е работа на владата… Јас ќе продолжам да обезбедувам стабилност.“

    Мандатот на Макрон завршува напролет 2027 година. Тој одби да шпекулира за можно распуштање на парламентот и предвремени избори ако новата влада не успее.

    Поврзани вести

    Нова железничка несреќа во Шпанија, еден починат, откако воз излета од шините кај Барселона

    21/01/2026

    Трамп во Давос ќе врши притисок за реализација на своите планови за освојување на Гренланд

    21/01/2026

    Трамп ќе воведе царини за ЕУ ако не го земе Гренланд, но не кажува дали воено ќе интервенира

    20/01/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.