Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ или Левица
    Македонија

    Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ или Левица

    30/09/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    СДСМ нема соработка со ДУИ или со Левица, изјави денеска лидерот на опозициската партија Венко Филипче. Тој истакна дека неговата партија на претстојните локални избори ќе настапува заедно со партнерите во нивната коалиција, а од политичките противници ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ побара да не подгреваат национализам и да разговараат за важни и сериозни прашања.

    „Тоа се само празни обвинувања. На изборите ќе настапуваме сами, заедно со нашите коалициони партнери. Ги слушам обвинувањата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека нема ништо добро во подгревањето национализам, од празни фоскули и  обвинувања. Сите политички чинители треба да зборуваат за сериозни теми, како е поставена локалната самоуправа во пресрет на изборите, како ќе се регулираат даноците, за реформи во здравствениот и образовниот систем“ – рече Филипче.

    Филипче коментираше и за состојбите во судството, за кое вели дека не е донесен ниту еден реформски закон, а Владата нема капацитет да се справи со предизвиците.

    „Од 12 закони што требаше да се донесат оваа година, седум од нив требаше до јуни и уште пет до нова година, но ниту еден не е донесен, а не е ниту поднесен од страна на Министерството за правда во Собранието. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството“, рече Филипче.

    Тој не се согласува и со констатацијата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија е петта во Европа по раст на платите.

    „Реалноста е поинаква, премиерот може да каже што сака, но платите трет месец по ред паѓаат. Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави зашто најдобро знаат дали можат да врзат крај со крај во текот на месецот. Навистина не знам зошто Владата не ги користи механизмите што и се на располагање“, рече Филипче.

    Поврзани вести

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026

    Левица ќе побара да се укине платеното политичко рекламирање за време на избори

    24/09/2026

    Уставен не поведе постапка по иницијативата на Левица за државното финансирање на партиите

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски не попушта, додека е тој премиер немало да има непринципиелен договор со Бугарија

    Вашиот мозок ја мрази оваа утринска навика, а речиси сите ние го правиме тоа штом ќе ги отвориме очите

    Средба на Трамп и Си во Кина, најголемите економии ќе разговараат за технологија и трговија, но и за политички прашања

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.