Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип

    30/09/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во Вевчани (17:00), во Струга (18:30) и во Ресен (20:30). ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за Локалните избори 2025 вчера ја започнаа во Скопје со митинг на кој го промовираа кандидатот за градоначалник на главниот град, Орце Ѓорѓиевски.

    СДСМ и коалицијата караван на митинзи ќе одржат во Лозово (17:30), во Карбинци (17:30), во Пробиштип (18:30) и во Штип (20:00). СДСМ и коалицијата вчера на централниот настан во Крушево го промовираа кандидатот за градоначалник Томе Христоски.

    Коалицијата Вреди со почеток во 19 часот во спортската сала „Борис Трајковски” во Скопје ќе ја одржи Промотивната конвенција, на која ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници.

    Кандидатот на Националната алијанса за интеграција за Град Скопје, Скендер Реџепи-Зејд, заедно со кандидатите за советници ќе ја претстави изборната програма за градот Скопје. Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Коалицијата НАИ, Бујар Османи вчера ја претстави неговата програма за претстојните локални избори.

    Кандидатот за градоначалник на Куманово и претседател на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вчера оствари повеќе средби и активности со граѓани.

    Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

    Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

    На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

    Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

    Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

    Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

    The post ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Вевчани, Струга и Ресен, СДСМ во Лозово, Карбинци и Пробиштип appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Барселона зимава ќе се ослободи од двајца фудбалери од првиот тим

    Британскиот премиер Стармер жали за назначувањето на Манделсон за амбасадор во САД, по откривањето на врските со Епштајн

    Владата одбележа 25 од Рамковниот договор: Историски договор што остави силна трага во развојот на државата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.