Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026

    Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

    23/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Расте бројот на заболени од грип, за една недела зголемување од 37,5 отсто
    Македонија

    Расте бројот на заболени од грип, за една недела зголемување од 37,5 отсто

    21/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Македонија расте бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип, соопштија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во неделниот извештај е наведено дека во периодот од 9 до 15 ноември регистрирани се 154 случаи, што е зголемување од 37,5 отсто во споредба со претходната недела, кога биле пријавени 112 случаи.

    Во споредба со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 117 заболени, бројот на случаи е зголемен за 31,6 отсто. Најмногу заболени во изминатата недела има во Тетово – 49, Скопје – 38, Куманово – 19 и Радовиш – 12. Според возраста, најголем број заболени, односно 102 лица, се на возраст од 15 до 64 години, додека 22 се постари од 65 години. Регистрирани се и 30 заболени деца на возраст до 14 години.

    Од ИЈЗ посочуваат дека за првпат оваа сезона е надминат прагот на вонсезонска активност и дека земјава официјално влегува во сезоната на грип, со засега ниско ниво на активност.

    Од почетокот на сезоната 2026/2027 досега се регистрирани вкупно 609 случаи, што е за 6,7 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата сезона. Најголем број заболени, вкупно 198, се регистрирани во Тетово.

    Во меѓувреме, според податоците на Управата за електронско здравство, против сезонски грип со бесплатни вакцини се вакцинирани 25.458 лица од ризичните категории на населението.

    Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата е најефикасната заштита од сезонски грип, особено за повозрасните лица, хронично болните, бремените жени и здравствените работници.

    Поврзани вести

    Набавени нови вакцини против сезонски грип, над 23.000 граѓани добија термин за вакцинација

    23/11/2026

    Цената на бензините се намалува за два, а на дизелот за 3,5 денари

    23/11/2026

    Кумановец се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката, обвинителството бара притвор

    21/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: Неговата содржина останува мистерија

    24/11/2026

    (Фото/Видео) Откако се појави на неколку настани без скапоцениот прстен, Сабаленка повторно е во центарот на вниманието

    24/11/2026

    Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

    23/11/2026

    Вештачката интелигенција ви ја зема работата, а вие влегувате во виртуелна реалност: Старите пораки ја откриваат дистописката идеја на извршниот директор на Антропик

    23/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Први искри меѓу Муцунски и бугарската колешка: Нема „северномакедонци“, има Македонци

    АХВ апелира за строгa хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

    Федералниот суд на САД ги прогласи за нелегални царините на Трамп од 10 отсто и наложи враќање на парите

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.