Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Мајчинството го промени нејзиното тело, но таа не се откажува: „Ништо не е онака како што беше порано“

    20/11/2026

    (Фото/Видео) Љубовта не познава години: Де Ниро гордо ја покажа партнерката која е 36 години помлада од него

    20/11/2026

    Од денеска МЕМО овозможува тргување со негативни цени на пазарот на електрична енергија

    19/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Од денеска МЕМО овозможува тргување со негативни цени на пазарот на електрична енергија
    Македонија

    Од денеска МЕМО овозможува тргување со негативни цени на пазарот на електрична енергија

    19/11/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО, од денес овозможува доставување понуди и налози за тргување со негативни цени на организираниот пазар на електрична енергија. Со оваа промена продолжува реализацијата на Реформската агенда, преку усогласување на минималните и максималните ценовни прагови со оние на европските берзи за пазарот ден однапред и пазарот во тековниот ден.
    Со измените, ценовните прагови на пазарот ден однапред (MATS) се менуваат од досегашниот интервал од 0,10 до +1.000 евра за мегават час на нов опсег од минус 600 до 4.000 евра за мегаватчас. На пазарот во тековниот ден (M7), досегашниот опсег од 0,10 до +9.999,99 евра за мегаватчас се проширува на минус 9.999,99 до +9.999,99 евра. На овој начин, на учесниците им се овозможува поголема флексибилност и поефикасно управување со нивните пазарни позиции, особено во периоди на зголемено производство од обновливи извори на енергија.
    Воведувањето на негативните цени овозможува пазарните механизми пореално да ги одразуваат условите на понудата и побарувачката. Негативната цена најчесто е сигнал дека во одреден период производството на електрична енергија ја надминува потрошувачката, односно дека на пазарот постои вишок електрична енергија.
    „Негативните цени се дел од развојот на современите пазари на електрична енергија и претставуваат механизам преку кој пазарот ги одразува реалните состојби на понудата и побарувачката. Кога производството во одреден период е поголемо од потрошувачката, цената испраќа сигнал дека е потребно подобро управување со производството, зголемување на потрошувачката или активирање дополнителни капацитети за флексибилност и складирање“, посочуваат од МЕМО.
    Важно е дека можноста за доставување налози со негативни цени не значи дека со воведувањето на оваа функционалност автоматски се формира негативна пазарна цена. Станува збор за проширување на можностите за тргување, при што цените и понатаму ќе се формираат врз основа на пазарните услови, односно понудата и побарувачката.
    Оваа функционалност има особено значење за производителите на електрична енергија од обновливи извори. Кај соларните електроцентрали, најголемото производство се остварува во часовите со најголемо сончево зрачење, што може да доведе до зголемена понуда на електрична енергија и пониски пазарни цени. Во такви услови, негативните цени создаваат дополнителен поттик за попрецизно планирање на производството, инвестиции во батериски системи за складирање и примена на решенија за поефикасно управување со енергетските позиции.

    Европското искуство покажува дека негативните цени се сè позастапен дел од динамиката на пазарите на електрична енергија, особено во услови на зголемено производство од обновливи извори.
    „Важно е македонскиот пазар да располага со механизми што ќе ги одразуваат реалните пазарни услови и ќе овозможат подобра интеграција со европскиот енергетски пазар. Со оваа промена, МЕМО продолжува да придонесува кон развојот на модерен, транспарентен, конкурентен и ефикасен пазар на електрична енергија, како и кон неговото понатамошно усогласување со европските практики“, истакнуваат од МЕМО.

    Поврзани вести

    Меѓународен филозофски фестивал за средношколци на 24 ноември во Скопје

    19/11/2026

    Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

    18/11/2026

    За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста

    18/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Мајчинството го промени нејзиното тело, но таа не се откажува: „Ништо не е онака како што беше порано“

    20/11/2026

    (Фото/Видео) Љубовта не познава години: Де Ниро гордо ја покажа партнерката која е 36 години помлада од него

    20/11/2026

    Од денеска МЕМО овозможува тргување со негативни цени на пазарот на електрична енергија

    19/11/2026

    Меѓународен филозофски фестивал за средношколци на 24 ноември во Скопје

    19/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото/Видео) Не се знае чие деколте е подобро, но и двете „пукаат“ од сексапил

    Лазаров денеска прозива за мисијата Словачка и нов пласман на Светско!

    Нека почнат со одбројување: За пет хороскопски знаци 2026 година ќе биде исклучително плодна со пари

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.