Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Џенифер Лопез за болниот развод од Афлек: „Разочарување на секое ниво“

    18/11/2026

    Ѕвездите им ги полнат паричниците: Четири знаци можат да очекуваат добри вести до крајот на ноември

    18/11/2026

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    17/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Најмладата пациентка со цервикален карцином има само 18 години, лекарите повикуваат родителите да си ги вакцинираат децата
    Македонија

    Најмладата пациентка со цервикален карцином има само 18 години, лекарите повикуваат родителите да си ги вакцинираат децата

    17/11/20266 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Хуманиот папилома вирус (ХПВ) може со години да биде присутен во организмот без никакви симптоми, а долготрајната инфекција со високоризични типови на вирусот може да доведе до развој на рак. Вакцинацијата на девојчињата и момчињата пред да започнат со сексуална активност, заедно со редовните гинеколошки прегледи и скринингот, се клучни за спречување на болестите поврзани со ХПВ. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), одржана по повод Светскиот ден за елиминација на ракот на грлото на матката.

    Претседателот на МАГО, проф. д-р Глигор Тофоски, истакна дека со вакцинација и активно откривање на преканцерозните промени во рана фаза, ракот на грлото на матката може да стане болест на минатото. Според него, развиените земји веќе покажуваат дека ваквата цел е достижна, но за тоа е неопходно да се зголеми опфатот со имунизација и да се обезбедат редовни превентивни прегледи.

    „Најмладата пациентка со цервикален карцином кај нас има само 18 години. Со помош на вакцинацијата и активниот скрининг, преку кој болеста ќе ја откриваме во најраните фази, можеме да добиеме општество во кое ракот на грлото на матката ќе биде минато. Вакцината штити од ХПВ, меѓу кои и највисокоризичните типови 16 и 18. Во развиените земји веќе сме сведоци дека се оди во таа насока. Нашата цел треба да биде што поголем опфат со вакцинација и кај девојчињата и кај момчињата, затоа што имаме вакцина која може да спречи голем дел од заболувањата поврзани со ХПВ. Во 2024 година кај нас беше воведена деветвалентната вакцина, која обезбедува заштита од девет типови на вирусот, од кои два се нискоризични, а седум се високоризични типови што можат да предизвикаат карциноми и кај жените и кај мажите“, рече Тофоски.

    Тој нагласи дека вакцинацијата не треба да се третира исклучиво како заштита на женското здравје, бидејќи ХПВ може да предизвика сериозни заболувања и кај машката популација.

    На прес-конференцијата беше посочено дека во мај 2024 година во земјава беше овозможена вакцинација против ХПВ и за момчињата, со што се прошири опфатот на националната програма за имунизација.

    Д-р Соња Ралева, која е вклучена во процесот на вакцинација на децата на училишна возраст, објасни дека една од најголемите опасности на ХПВ е тоа што инфекцијата најчесто не предизвикува симптоми кои би го предупредиле пациентот дека нешто се случува во организмот.

    „ХПВ ги инфицира и машката и женската популација. Она што е особено важно да се разбере е дека ова е тивка инфекција. Нема некакви драматични промени кои ќе го алармираат пациентот дека нешто се случува. Вирусот може да биде присутен со месеци, па дури и со години. Доколку инфекцијата со високоризичен тип на ХПВ трае подолго, може да предизвика сериозни компликации. Кај мажите дијагнозата често се поставува подоцна, бидејќи за нив немаме организирани скрининг-програми како што постојат за ракот на грлото на матката кај жените. Затоа е исклучително важно децата да бидат заштитени со вакцина пред воопшто да дојдат во контакт со вирусот“, објасни Ралева.

    Таа посочи дека во земјава редовната вакцинација се спроведува во седмо одделение, кога децата имаат околу 12 години. На таа возраст вакцината се прима во две дози, а имунолошкиот одговор е добар. Ралева се осврна и на недовербата кај дел од родителите, кои поради страв од можни несакани ефекти се двоумат дали да ги вакцинираат своите деца.

    „Постои скептицизам кај родителите во однос на несаканите ефекти од вакцината, а притоа често не се согледува придобивката што ја добива детето со вакцинацијата. На оваа возраст се создава силен имунолошки одговор и затоа инсистираме вакцината да се прими навреме, пред започнувањето на сексуалната активност. Во нашата природа е да не се плашиме од она што не го гледаме. Но, кога ќе се соочиме со дијагноза, тогаш почнува паниката. Токму затоа превенцијата е толку важна. Не треба да чекаме да се појави болест за да почнеме да размислуваме за заштита“, истакна Ралева.

    Лекарите кажаа дека се прават напори во соработка со Националниот комитет за имунизација да се прошири можноста за бесплатна ХПВ вакцинација до 26-годишна возраст. Во моментов вакцинацијата е бесплатна за децата опфатени со националната програма, а за постарите лица вакцината се плаќа, односно вакцината е бесплатна за сите до 19 години, а за постари од тоа вакцината се плаќа 8.000 денари, а треба да се примат 3 дози.

    Матичниот гинеколог Емилија Трајковска предупреди дека преканцерозните промени на грлото на матката најчесто не предизвикуваат болка или други препознатливи симптоми. Токму затоа, редовните гинеколошки прегледи се од исклучително значење за навремено откривање и лекување на промените, пред тие да преминат во малигно заболување.

    „Преканцерозните лезии на грлото на матката не даваат болка и не предизвикуваат симптоми кои жената би можела да ги препознае. Затоа многу често жените не се свесни дека постои некаков проблем. Ако овие промени се откријат навреме, лекувањето може да биде многу поедноставно и поуспешно. За жал, сè уште имаме жени кои не одат редовно на гинеколог, некои поради страв од прегледот, други затоа што сметаат дека нема потреба ако немаат никакви тегоби. Но, тие неколку минути одвоени за превентивен преглед можат да бидат пресудни за нивното здравје“, рече Трајковска.

    Таа посочи дека во земјава сè уште постои погрешно сфаќање дека посетата на гинеколог е неопходна само во периодот на бременост или кога жената има здравствен проблем.

    „Кај нас сè уште владее мислењето дека на гинеколог се оди само кога жената е бремена или кога има некаков проблем. Тоа мора да се промени. Редовните прегледи се важни токму кога жената нема никакви симптоми. Истовремено, сакам да ги повикам родителите навреме да ги вакцинираат своите деца. Со тоа ние не го одредуваме нивниот сексуален живот, ниту ги поттикнуваме на сексуална активност, туку ги заштитуваме од инфекции кои подоцна можат да предизвикаат преканцерозни промени и рак. Со вакцинација и редовни превентивни прегледи можеме да спречиме голем број сериозни заболувања“, нагласи Трајковска.

    На прес-конференцијата беше укажано и на потребата од поголем опфат со вакцинација во повеќе градови и општини, меѓу кои Скопје, Охрид и Битола, како и скопските општини Центар, Чаир и Карпош.

    Според Светската здравствена организација, за елиминација на ракот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем, до 2030 година земјите треба да постигнат три цели: 90 отсто од девојчињата да бидат вакцинирани против ХПВ до 15-годишна возраст, 70 отсто од жените да бидат опфатени со соодветен скрининг до 35 и повторно до 45 години и 90 отсто од жените со откриени преканцерозни промени или рак да добијат соодветен третман.

    Поврзани вести

    АНАЛИЗА: Доспеаните, а неплатени обврски на државата надминаа 700 милиони евра, со најголеми долгови ЈП и државните фирми

    17/11/2026

    Корабоски лишен од слобода, се очекува мерка притвор

    16/11/2026

    Шест случаи на семејно насилство во едно деноноќие, пријавени напади врз сопруги, деца и членови на семејството

    16/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Џенифер Лопез за болниот развод од Афлек: „Разочарување на секое ниво“

    18/11/2026

    Ѕвездите им ги полнат паричниците: Четири знаци можат да очекуваат добри вести до крајот на ноември

    18/11/2026

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    17/11/2026

    Опозицискиот пратеник Вучиќ зборуваше речиси еден и пол час, Бакиќ само една реченица

    17/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Oбјавен редоследот за финалистите на Евровизија, Финска и Австралија влегуваат како фаворити

    Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен денеска доаѓа во Скопје

    Мицкоски: Рамката за договорот со САД е силна порака кој е нивниот партнер во регионот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.