Владина делегација составена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, денеска оствари средба со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Како што информираат во Владата, на средбата биле разгледани можности за продлабочување на соработката и инвестиции кон дигиталната трансформација и иднина на Македонија, преку инвестиции во делот на современите техники во медицината и инженерството, развој во делот на комуникацијата, развојот на ВИ.
„Во рамки на разговорите беа разменети и мислењата за европската конкурентност, безбедност и дигиталниот суверенитет како стратешки приоритет за Европа, како и капацитетите во областа на cloud технологиите, вештачката интелигенција, индустриската вештачка интелигенција и сајбер-безбедноста, основа за дигиталната отпорност и конкурентност. Средбата е можност за понатамошно унапредување на соработката со една од водечките европски телекомуникациски компании, со цел искористување на современите технолошки решенија и отворање на нови перспективи за дигиталната иднина на државата“, стои во соопштението.

