Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – овие фотографии сигурно ќе остават силен впечаток.
Познатиот германски супермодел, Хајди Клум, приреди спектакуларно шоу по повод 25-годишнината од нејзината легендарна забава за Ноќта на вештерките во Њујорк. Таа пристигна во костим што ги остави присутните без зборови: се појави како огромна, крвава, отсечена човечка рака!
View this post on Instagram
Иако со денови наназад даваше навестувања за својот костим, никој не можеше да претпостави дека ќе види нешто вакво.
Традиционалната забава се одржа во „Cathédrale“ на Менхетен, привлекувајќи многу славни личности кои вложија голем труд за да го привлечат вниманието со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголемо внимание предизвика самата домаќинка, која повторно ги помести границите на креативноста и трансформацијата.
View this post on Instagram
Овој пат, Хајди се одлучи за прилично морничав концепт – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна копија од нејзиниот сопствен венчален прстен. Целокупниот изглед беше надополнет со крвави детали, поради што супермоделот изгледаше како џиновски, отсечен дел од човечкото тело.
View this post on Instagram
Низ годините, Хајди изгради репутација на личност која многу сериозно им пристапува на костимите за Ноќта на вештерките; нејзините трансформации по секоја забава редовно стануваат главна тема на разговор.
View this post on Instagram
Од непрепознатливи ликови инспирирани од филмови и фантастични светови, па сè до бизарни и застрашувачки креации – супермоделот од година во година докажува дека нејзината имагинација нема граници.
View this post on Instagram
Таа не разочара ниту овој пат, а ова јубилејно издание уште еднаш потврди дека е тешко да се замисли Ноќта на вештерките без некој од спектакуларните костими на Хајди Клум.

