Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Каков маникир најдобро им прилега на зрелите раце? Не станува збор само за бојата на лакот за нокти

    28/10/2026

    Србија го подигна нивото на закана од тероризам, нападната амбасадата на Израел од поддржувач на Исламска држава

    28/10/2026

    (Фото/Видео) Јамал ​​изненади со својот изглед на доделувањето на „Златната топка“; никој не гледаше во неговата девојка

    28/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Даночни контролори добија обвинение за поткуп што го добиле од сопственикот на „Пулс“
    Македонија

    Даночни контролори добија обвинение за поткуп што го добиле од сопственикот на „Пулс“

    27/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт против три лица и обвинителен предлог против шест лица за дејствија на поткуп, злоупотреба на службена положба, оддавање службена тајна и фалсификување, во врска со контролите на Управата за јавни приходи во дискотеката “Пулс” во Кочани и во други поврзани фирми.

    Обвинителен акт за примање поткуп е поднесен против двајца даночни контролори, од кои еден е обвинет за две вакви дејствија. Двајцата од третото лице, обвинето за давање поткуп побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде тој бил одговорно лице.

    Иако биле свесни дека согласно закон не смеат да оддаваат информации кои ги осознале во врска со даночна постапка, првиот обвинет сепак го информирал третиот обвинет преку вибер пораки за дејствијата на УЈП и МВР во врска со наведените фирми, правејќи со тоа и продолжено кривично дело oддавање службена тајна.

    Двајцата даночни контролори се обвинети и за злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот закони бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот.

    Со цел да ги покрие незаконитостите утврдени при контролата, вториот обвинет сторил и фалсификување службена исправа односно го фалсификувал службениот извештај за контролата.

    Против дополнителни четворица даночни контролори и инспектори до Судот е поднесен обвинителен предлог за злоупотреба на службена положба и овластување. Од нив, еден е обвинет и за фалсификување исправа. Дополнително, една вработена во Државниот пазарен инспекторат сторила дело оддавање на службена тајна, откривајќи информации кога акциските контроли ќе се реализираат. Обвинетите контролори и инспектори од УЈП вршеле даночни контроли кај правни субјекти во кои како реален сопственик се јавува шестиот обвинет, татко на лицето претходно обвинето за давање поткуп. Меѓутоа, констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик, кој е шести обвинет во случајов.

    Кривичната пријава за дејствија на Злоупотреба на службената положба опфаќаше уште четири лица, од кои за 2 е запрена постапката поради застареност, додека за 2 се утврди дека немаат дејствија на наведеното дело или на друго дело кое се гони по службена должност.

    Поврзани вести

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026

    Пoтпишана Национална програма за достоинствена работа, работните места треба да се поквалитетни, подобро платени и посигурни

    27/10/2026

    АНАЛИЗА: Статистиките мерат помал ценовен притисок, трошоците за живеачка „горат“

    27/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Каков маникир најдобро им прилега на зрелите раце? Не станува збор само за бојата на лакот за нокти

    28/10/2026

    Србија го подигна нивото на закана од тероризам, нападната амбасадата на Израел од поддржувач на Исламска држава

    28/10/2026

    (Фото/Видео) Јамал ​​изненади со својот изглед на доделувањето на „Златната топка“; никој не гледаше во неговата девојка

    28/10/2026

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола

    Земјотрес во Урошевац, почувствуван и во Скопје

    Хороскопски знаци кои не поднесуваат неред: домот мора да им биде совршено чист

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.