Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026

    Пoтпишана Национална програма за достоинствена работа, работните места треба да се поквалитетни, подобро платени и посигурни

    27/10/2026

    (Фото/Видео) Бијонсе и Џеј-Зи блеснаа заедно на настан: нивниот необично нежен однос привлече посебно внимание

    27/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Пoтпишана Национална програма за достоинствена работа, работните места треба да се поквалитетни, подобро платени и посигурни
    Македонија

    Пoтпишана Национална програма за достоинствена работа, работните места треба да се поквалитетни, подобро платени и посигурни

    27/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Владата, организациите на работодавачите, синдикатите и Меѓународната организација на трудот (МОТ) денеска ја потпишаа Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030, и изразија заедничка заложба за инклузивен економски раст, квалитетни и продуктивни работни места и посилни институции на пазарот на трудот.

    Програмата обезбедува рамка за соработка меѓу МОТ и нејзините трипартитни конституенти во земјава. Таа е усогласена со Рамката на Обединетите нации за соработка за одржлив развој
    (UNSDCF) 2026–2030, придонесувајќи кон остварувањето на нејзиниот стратешки приоритет за одржлива економија и достоинствена работа. Програмата, исто така, ги поврзува реформите на пазарот на трудот со пошироката агенда на земјата за одржлив развој и со целите за европска интеграција.
    „Со потпишувањето на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030, ја потврдуваме нашата определба за создавање поквалитетни, подобро платени и посигурни работни места. Нашите приоритети се унапредување на работничките права, развој на вештините според потребите на пазарот на трудот, поголемо вклучување на младите и жените и намалување на неформалната економија. Во партнерство со Меѓународната организација на трудот и социјалните партнери, продолжуваме со реформите за подобри услови за работа и посилна економија. Успехот на оваа програма ќе го мериме преку конкретните подобрувања што ќе ги почувствуваат работниците и компаниите, бидејќи нашата цел е достоинствената
    работа да стане реалност за секој граѓанин, рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
    Македонија бележи континуиран напредок во социо-економскиот развој, но недостигот на работна сила, демографските промени и емиграцијата, неусогласеноста меѓу понудата и
    побарувачката на вештини, ниското учество на жените и младите на пазарот на трудот,
    неформалната работа и ограничената продуктивност и натаму претставуваат значајни
    предизвици.
    Новата Национална програма за достоинствена работа одговара на овие предизвици и се фокусира на три приоритетни области: создавање овозможувачка економска средина, преку усогласување на трудовото законодавство и законодавството за безбедност и здравје при работа, унапредување на социјалниот дијалог и колективното договарање, како и поддршка на продуктивни, конкурентни, иновативни и одржливи мали и средни претпријатија; унапредување на стручното образование и развојот на вештините, преку подобрување на системите за стручно образование, обука и доживотно учење, со цел подобро да одговорат на потребите на пазарот на трудот; овозможување економско зајакнување на жените, преку промовирање еднакви можности и отстранување на пречките за учество на пазарот на трудот, вклучително и обврските за грижа за други лица, родовиот јаз во платите, како и насилството и
    вознемирувањето на работното место.

    „Преку заедничка посветеност и заложба може да изградиме поинклузивен, попродуктивен и поотпорен пазар на трудот. Со заедничка работа можеме да создадеме квалитетни работни места, да ги зајакнеме институциите на пазарот на трудот, да го поддржиме развојот на одржливи претпријатија и да ги оствариме фундаменталните принципи и права при работа“, изјави Клер Харасти, директорка на МОТ за Централна и Источна Европа.

    Поврзани вести

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026

    Студентите пријавуваат неправилности на испити, лоши услови во домовите и доцнење на стипендиите

    26/10/2026

    Цената на бензините се намалува, а на дизелот останува иста

    26/10/2026
    АКТУЕЛНО

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026

    Пoтпишана Национална програма за достоинствена работа, работните места треба да се поквалитетни, подобро платени и посигурни

    27/10/2026

    (Фото/Видео) Бијонсе и Џеј-Зи блеснаа заедно на настан: нивниот необично нежен однос привлече посебно внимание

    27/10/2026

    Том Брејди повторно е вљубен: По убавата Жизел, тој сега е со оваа прекрасна манекенка

    27/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт, филмски проекции, изложба и претстава на Скопско лето

    Пецов: За нас секој домашен меч е финале

    Денеска митинзи во Гевгелија, Валандово, Брвеница, Сопиште, Битола…

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.