Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Каков маникир најдобро им прилега на зрелите раце? Не станува збор само за бојата на лакот за нокти

    28/10/2026

    Србија го подигна нивото на закана од тероризам, нападната амбасадата на Израел од поддржувач на Исламска држава

    28/10/2026

    (Фото/Видео) Јамал ​​изненади со својот изглед на доделувањето на „Златната топка“; никој не гледаше во неговата девојка

    28/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»АНАЛИЗА: Статистиките мерат помал ценовен притисок, трошоците за живеачка „горат“
    Македонија

    АНАЛИЗА: Статистиките мерат помал ценовен притисок, трошоците за живеачка „горат“

    27/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Економските аналитичари очекуваат забавување на ценовниот притисок, но со проценка дека до 2029 г. домашната економија ќе се соочи со инфлација не пониска од 3%, пишува Порталб.мк. И Владата со нови пооптимистички прогнози за годинава. За разлика од економистите, од Владата сметаат дека главните причини за ценовните притисоци доаѓаат само однадвор

    Проценка на економистите – и во следните години инфлација над 3%, на светските берзи храната поскапува

    Точно 1.142 евра се потребни за месечните трошоци на едно четиричлено семејство, новата синдикална пресметка за минималната кошница, која го „гори“ семејниот буџет, покажа дека трошоците во октомври во однос на септември се зголемени за 15 евра. Според пресметката на Порталб врз основа на податоците од синдикалната минимална кошница, во октомври само за храна, пијалаци, комунални сметки и хигиена се трошат половина од парите.

    Со останатите 50% од средствата треба да се задоволат потребите за облека, образование, здравство, транспорт, комуникации.  Наспроти ваквите мерења на ССМ, државната статистика бележи стагнација на ценовниот раст односно дека нема промена на трошоците на живот на месечно ниво. 

    Според пресметките на Владата, во првите девет месеци од годинава просечната стапка на инфлација изнесувала 3,6%, а најголемо влијание на неа имале цените на храната, нафтените деривати, енергијата. Во вториот по ред ребаланс на Буџетот за годинава, проекцијата за стапката на инфлација се намалува под 4%. 

    „Проекцијата за стапката на инфлација е ревидирана од 4,5% на 3,8% просечно за 2026 година. И во остатокот од годината инфлацијата останува неизвесна, со оглед на тоа што е под силно влијание на понатамошните случувања во надворешното окружување и ценовните движења на меѓународните пазари“, се наведува во ребалансираниот буџетски документ.

    За разлика од Владата, економските аналитичари сметаат дека не само надворешните фактори, туку и внатрешните политики притискаат на цените. На истекот од оваа економска година, економистите сметат дека инфлацијата ќе забави, но главните ризици остануваат –  растот на платите и зголемувањето на пензиите над законското усогласување дома, и геополитичките тензии надвор. Во нова прогноза се нотира дека инфлацијата  ќе биде пониска од претходната проценка но и во следните две години нема да се спушти под 3%. Годинава, според  изјавите на аналитичарите сумирани во новата Анкета на НБМ, ќе заврши со инфлација на ниво од 3,9%

    „Во однос на ризиците, испитаниците и натаму ја нагласуваат зголемената неизвесност поврзана со геополитичките случувања, коишто директно влијаат врз цените на нафтата и енергенсите, како и нивното прелевање врз цените на останатите производи и услуги. Како домашни фактори со слично влијание се посочуваат потенцијалните зголемувања на платите и пензиите над законското усогласување, зголеменото кредитирање, како и растот на трговските маржи и цените на дел од услугите“, се наведува во Анкетата на НБМ.

    Според најновите податоци од ФАО, во септември во однос на август индексот на цените на храната е зголемен за 1,5%, а најголем пораст има кај житариците.

    „На месечно ниво, светските цени на пченицата се зголемија за 6,3 %, а на пченката за 5,6%, што се највисоки ниво во изминатите три година“, се наведува во новиот извештај на ФАО.

    Зголемување на индексот на цени има и кај шеќерот за 6,1%, за млечните производи 0,1%, кај месото за 1,1%, додека кај растителните масла индексот е зголемен за 0,9%.

    Поврзани вести

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026

    Пoтпишана Национална програма за достоинствена работа, работните места треба да се поквалитетни, подобро платени и посигурни

    27/10/2026

    Даночни контролори добија обвинение за поткуп што го добиле од сопственикот на „Пулс“

    27/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Каков маникир најдобро им прилега на зрелите раце? Не станува збор само за бојата на лакот за нокти

    28/10/2026

    Србија го подигна нивото на закана од тероризам, нападната амбасадата на Израел од поддржувач на Исламска држава

    28/10/2026

    (Фото/Видео) Јамал ​​изненади со својот изглед на доделувањето на „Златната топка“; никој не гледаше во неговата девојка

    28/10/2026

    ДЗР: Пропусти со имотот и јавните набавки во Министерството за дигитална трансформација

    27/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Покетино бара Челзи да го скрати составот

    Александар Трајковски: Херојот од Палермо вечерва го игра 99.меч за Македонија!

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА и годинава поддржувач на Спортски игри Велес

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.