Предвремените избори за градоначалник на општината Брвенциа ќе имаат и втор круг за две недели. Според резултатите објавени од Државната изборна комисија, на првото гласање најголем број гласови освоија кандидатите на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Стојанчо Радичевски и Аркин Јахиј.
По обработката на изборните податоци, по првиот круг води Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 38,9 отсто од гласовите, на второ место е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција со 28,4 проценти. Според ДИК Радически освоил 2.943 гласа, а Јахиј 2.152 гласа. Трет е Јакуп Усеини од Влен со 1.528 освоени гласа, по него е Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови, а независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи освоиле 55, односно 21 глас.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека е задоволен од резултатите во првиот круг, а особено од разликата меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
„Разликата во однос на нашите конкуренти од СДСМ е поголема од 4 спрема 1, иако само пред неколку дена раководството најавуваше убедлива победа во Брвеница, сепак СДСМ е декласиран и тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство“, рече Мицкоски.

