Целиот смет и отпад којшто ќе биде собиран од регионот на Куманово, привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, информираа од ЈП „Чистота и зеленило“, и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Димитриевски им се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и менаџерскиот тим на Дрисла за поддршката во надминувањето на проблемот со транспортот и депонирањето на отпадот.
„Продолжуваме интензивно со санација на депонијата Краста и надминување на проблемот. Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“ изјава Димитриевски во објавата на неговиот фејсбук профил.

