Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот
    Македонија

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонија ќе биде домаќин на меѓународни проучувачи на рисот во Европа кои ќе се собера на деветтата средба на „Еуролинкс“, европска научна иницијатива за евроазискиот рис, која ќе се одржи во Вевчани, од 12 до 14 октомври во организација на Македонското еколошко друштво.
    „Еуролинкс“ е европска научна иницијатива за споделување податоци и знаење за екологијата на движењето на евроазискиот рис, основана во 2018 година. Како просторна база на податоци, „Еуролинкс“ ги чува податоците за евроазискиот рис (Lynx lynx) што засега ги споделуваат 42 групи од 19 земји. Меѓу нив е и Македонското еколошко друштво кое преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис веќе 20 години работи на зачувување на овој загрозен подвид на евроазискиот рис.
    „‘Еуролинкс‘ е платформа што спојува научници од Европа со иста пасија и научна цел – проучување на рисот. Ова е можност да се споделат новите истражувања од областа и да се остварат соработки од поголеми размери, со фокус на цели популации на рисот. Така значително се збогатуваат сознанијата и се стекнува подетална слика за трендовите и поврзаностите меѓу популациите на континентално ниво. Средбата е од затворен карактер и е наменета само за членовите на ‘Еуролинкс‘. Тоа што МЕД е домаќин на ваков настан е
    афирмација на нашата долгогодишна научноистражувачка работа, но и признание од научната фела дека нашата организација е дел од една поголема заедница на научници“, вели Александар Павлов, биолог кој е во тимот на МЕД што работи на закрепнување на балканскиот рис.
    Податоците што се достапни преку овој отворен информациски систем овозможуваат да се истражи однесувањето на рисот во неговите живеалишта и да се евидентира како неговите популации реагираат на промена на живеалиштата, разни човекови активности, густината на пленот или методите на одгледување добиток. Со оглед на тоа што ваквите теренски поткрепени информации пристигнуваат од повеќе земји, „Еуролинкс“ дава одлична основа за компаративни теориски и применети истражувања за однесувањето и екологијата на рисот на европско ниво.
    Евроазискиот рис е голем грабливец од семејството на мачките (Felidae) и е најголем од шесте вида во родот Lynx. Благодарение на неговиот широк ареал и стабилните популации низ Евроазија, на Црвената листа на загрозени видови на Меѓународната унија за зачувување на природата спаѓа во категоријата „најмала загриженост“. Меѓутоа, одредени изолирани популации во Централна Европа поединечно се сметаат за загрозени, како што е и популацијата на балканскиот рис која денес населува мала површина од Балканскиот
    Полуостров. Иако евроазискиот рис се вратил во некои од своите историски живеалишта, сепак не е имун на човековите активности. Меѓу најсериозните закани за него се криволовот, губењето и фрагментацијата на живеалиштата и вкрстувањето меѓу блиски сродници во многу мали популации во Централна Европа, што доведува до генетско ослабување на популациите.

    Поврзани вести

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Во Драмскиот театар се одржа комеморација за актерот Лазе Манасковски

    Меѓународната федерација на новинари бара Кувајт да го ослободи Ахмед Елдин

    Зошто мачките спијат повеќе кога ќе залади

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.