Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филипче ја предупреди власта дека ако посегне по пензиските заштеди ќе се соочи со револт
    Македонија

    Филипче ја предупреди власта дека ако посегне по пензиските заштеди ќе се соочи со револт

    01/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група, ја предупреди власта да не посегнува по парите од вториот пензиски столб. Тој порача дека обидот да се користат пензиските заштеди на граѓаните ќе предизвика граѓански револт.

    „Ги предупредувам дека ќе се соочат со граѓански револт. На крај памет да не им падне, како што најави директорот, дека е можно да се инвестирале парите од пензискиот фонд во некакви проекти тука во државата. На крај памет да не им падне да посегнат по парите коишто сите ние ги одвојуваме за да имаме пари за пензии“, порача Филипче.

    Тој посочи дека состојбата во пензискиот фонд се влошува, а финансиската дупка, според него, се удвоила за само две години.

    „Дупката во буџетот е огромна, дефицитот е близу милијарда евра. Дупката во пензискиот фонд е огромна, се дуплираше за само две години“, истакна Филипче.

    Во тој контекст, тој предупреди на намерите на власта во однос на пензиските заштеди.

    „Сега сакаат да посегнат и по парите од вториот пензиски столб“, рече Филипче.

    Филипче ја критикуваше и политиката на нови задолжувања, нагласувајќи дека граѓаните не чувствуваат корист од растот на долгот.

    „Секојдневно најавуваат само нови задолжувања, а граѓаните од тоа не можат да видат и не видоа апсолутно никаков бенефит“, посочи Филипче.

    Тој побара одговор зошто долгот продолжува да расте, додека власта тврди дека економијата напредува.

    „Ако добро работат, како што кажуваат, ако расте бруто-домашниот производ навистина, зошто не се намалува долгот? Зошто расте? Ако веќе расте, зошто граѓаните не видат некој бенефит од тоа?“, праша Филипче.

    Поврзани вести

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026

    За 10 дена стартува грејната сезона, граѓаните да си ги поправат внатрешните грејни инсталации

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    A$AP Rocky првпат настапува во Хрватска

    06/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Градот Скопје забрани фрлање отпад во контејнерите од 22 до 6 часот изутрина

    Клоп има една голема желба, ама таа не е Реал Мадрид!

    Седум случаи на семејно насилство пријавени за едно деноноќие

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.