Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Грчка пратеничка бара истрага за наводни онлајн повици за вооружување на Македонците во Леринско
    Политика

    Грчка пратеничка бара истрага за наводни онлајн повици за вооружување на Македонците во Леринско

    20/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Курупаки побара од надлежните грчки власти да утврдат кој стои зад онлајн објавата, дали станува збор за реална закана и дали има елементи што би можеле да претставуваат кривично дело или безбедносен ризик.

    Според наводите во парламентарната интервенција на Курупаки, објавата повикувала на самоорганизирање на лица кои се самоидентификуваат како Македонци, на набавка на оружје и на создавање услови за вооружено дејствување. Во неа, наводно, се повикува и на историски вооружени организации.

    Курупаки во своето парламентарно прашање побара од министрите за надворешни работи и за заштита на граѓаните да одговорат дали грчките безбедносни служби ја испитуваат содржината, дали таа се проценува како потенцијална закана и дали грчката влада презела или планира дипломатски чекори.

    Курупаки е пратеничка на НИКИ, партија која во грчкиот парламент е регистрирана како „Демократско патриотско движење НИКИ“. Самата партија како свои основни вредности ги наведува православната христијанска вера, патриотизмот, традиционалните вредности и хеленско-православниот идентитет, со посебен акцент на грчката историја, јазик, семејството и традицијата. Односот кон Македонија и Преспанскиот договор е еден од централните елементи во политичкото позиционирање на НИКИ. Партијата наведува дека е основана во 2019 година како политичко движење произлезено од протестите против Преспанскиот договор. Во својот официјален програмски материјал НИКИ бара укинување на Преспанскиот договор и негово заменување со поинакво решение за името. Партијата наведува дека во својата комуникација не го користи името „Северна Македонија“ и дека во грчкиот парламент се спротивставува на употребата на тоа име. НИКИ исто така наведува дека поднела предлог-закон за укинување на Преспанскиот договор.

    Во своето актуелно парламентарно барање Курупаки се повикува и на одредбите од Преспанскиот договор кои се однесуваат на активности на приватни субјекти што би можеле да поттикнуваат насилство, омраза или непријателство. Таа претходно, на 15 септември, поставила и парламентарно прашање поврзано со наводна иредентистичка пропаганда и наводни повици за вооружена активност во областа на Флорина.

    На 9 септември загрижени грчки граѓани до Oбвинителствотo во Лерин, Грција, предале видео материјал од прославата на Македонците од Овчарани (Мелити) на која се пееле песни за Александар Македонски што за пријавителите претставува провокација. Тие бараат да се утврди кривичната или друга одговорност што произлегува од содржината и однесувањето на лицата што се појавуваат во него.

    Според грчките медиуми „се работи за контроверзно видео од фестивал во Мелити кое е доставено до Обвинителството во Лерин, во кое се слуша песна на словенски јазик со референци за Филип, Александар Македонски и текст што завршува со фразата ‘Бегајте Грци, доста со лагите’“.

    Се работи за народната песна „Александар е цар македонски“ која ја изведува Сузана Спасовска, во која се пее „Бегајте Грци – доста лажете“.

    А.Д.

    Поврзани вести

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Средба Мицкоски-Рубио: Силните партнерства со стратешките сојузници имаат особено значење

    21/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Муцунски – Варнс: Фокус на политичката и економската соработка на Македонија и САД

    Македонија останува меѓу најлошо рангираните земји во однос на работничките права

    АВМУ поведе прекршочни постапки против два медиуми заради прекршување на изборниот молк

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.