Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»МАЕИ: Македонците во Пустец не се Бугари, Пустец не е бугарски протекторат
    Македонија

    МАЕИ: Македонците во Пустец не се Бугари, Пустец не е бугарски протекторат

    12/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „На 11 и 12 септември, Бугарија испрати медицинска екипа од Софија во Пустец со воен транспортен авион. Во операцијата се вклучени бугарските министерства за надворешни работи, здравство и одбрана, а заедно со медицинските екипи пристигнаа и бугарски пратеници од различни политички партии.

    Токму нивните изјави ја откриваат вистинската политичка димензија на оваа посета. Бугарските пратеници јавно порачаа дека кога станува збор за, како што ги нарекуваат, ‘Бугарите’ во Албанија, бугарските политички партии се обединети.

    Зошто за медицински прегледи во Пустец е потребен воен транспортен авион, бугарски пратеници и државна делегација од Софија?

    Ова повеќе не личи на обична медицинска хуманитарна активност. Пустец личи на воена зона, со засилено полициско присуство, бугарски емисари кои демонстративно се движат низ општината и се однесуваат како освојувачи на Пустец и со бугарски знамиња поставени во просториите на медицинскиот центар. Но, Пустец не е Бугарија. Пустец е во Република Албанија, а неговите жители се Македонци“, реагираат од МАЕИ.

    МАЕИ особено го осудува однесувањето на бугарските претставници кои во јавноста отворено ги негираат Македонците во Пустец и ги прогласуваат за Бугари.

    „Ниту една медицинска услуга не може да биде оправдување за негирање на идентитетот на македонската заедница. Здравјето на луѓето не смее да биде инструмент за асимилација и политичка пропаганда.

    Медицинскиот персонал во Пустец првично не сакал да ги прими бугарските претставници, но под притисок од Регионалниот медицински центар во Корча бил принуден да им ги отстапи просториите.

    Срамно е и однесувањето на Општина Пустец, која обезбедува логистичка поддршка на претставници на држава чии институции јавно тврдат дека Македонците во Пустец се Бугари. Наместо да застане во заштита на своите граѓани и нивниот идентитет, локалната власт ги пречекува бугарските претставници со девојчиња во народни носии, леб и сол.

    Општина Пустец е во Република Албанија“, децидни се од МАЕИ.

    За секоја потреба на своите жители – од инвестиции и инфраструктура, до здравствени и социјални услуги – локалната власт треба првенствено да се обраќа до Владата на Република Албанија, порачуваат од МАЕИ.

    „Ние сме лојални граѓани на Албанија, ги почитуваме нејзините закони и плаќаме даноци во оваа држава. Затоа не прифаќаме Пустец да биде претворен во полигон за реализирање на туѓи национални политики.

    Пустец не смее да биде сцена на бугарска пропаганда. Македонците во Пустец не смеат да бидат статисти во туѓа национална политика.

    За жал, Македонците во Албанија денес се оставени сами. Недостасува јасна и одлучна реакција од албанските институции, кои дозволуваат ваквите активности да се одвиваат на територијата на Република Албанија.

    МАЕИ ја повикува Владата на Република Албанија да не дозволува територијата на државата и нејзините институции да бидат инструментализирани за негирање на идентитетот на македонската заедница.

    Истовремено, ја повикуваме Владата на Република Македонија конечно да ја сфати сериозноста на ситуацијата.

    Додека Бугарија има јасна државна политика и целосен политички консензус за асимилација на Македонците во Албанија, Македонија нема ниту стратегија, ниту сериозна државна политика за заштита на македонската заедница во Албанија.

    Затоа МАЕИ бара од македонските институции итно да изработат државна стратегија за заштита на Македонците во Албанија и да престанат прашањето на македонската заедница во Албанија да го третираат како партиско, наместо како национално прашање.

    Македонците во Пустец не се Бугари. Пустец не е бугарски протекторат. Нашето здравје не е алатка за асимилација“, категорични се Македонците од Албанија, претставени од МАЕИ.

     

    Поврзани вести

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    МВР во јули одзело 332 возила или во просек, по 11 возила секој ден

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Таравари го штитат градоначалникот на Гостивар

    Јаневска: Очекувам студиските програми со по 2-3 студенти да се самоукинат или ќе бидат затворени по сила на закон

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.