Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија
    Македонија

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    07/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Случајот со Ива Михаилова, 23-годишната кочанчанка со македонско и бугарско државјанство, добива нова димензија. Додека против неа во Основниот суд во Кочани се води постапка поради тешка сообраќајна несреќа со смртни последици, бугарската влада продолжува дипломатски да се ангажира за неа, а во јавноста во последните денови излезе и информацијата дека македонските власти го бараат нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е избеган во Бугарија.

    Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова на 5 септември се сретна со мајката на Ива, Христина Михаилова, и порача дека Бугарија ќе ги вложи сите напори за „постигнување правда“ во случајот. Петрова изразила загриженост за здравствената состојба на Ива и за ситуацијата во која се наоѓа семејството, а според бугарското МНР, ја уверила мајката дека Софија продолжува да обезбедува поддршка и правна заштита.

    „Ива не е сама и може да продолжи да смета на нашата поддршка“, е пораката што Петрова ѝ ја упатила преку нејзината мајка.

    Против Ива Михаилова се води постапка во Основниот суд во Кочани за тешко кривично дело поврзано со безбедноста на сообраќајот.

    Предметот произлегува од сообраќајната несреќа од октомври 2025 година, во која едно лице загина, а повеќе лица беа повредени, меѓу кои и Михаилова. Таа ја отфрла вината. Клучно прашање во постапката е утврдувањето на причините за судирот и движењето на возилата непосредно пред несреќата. На последното рочиште беа сослушувани сведоци и вешти лица, а одбраната ги оспорува наодите на обвинителството. До правосилна пресуда, Михаилова има статус на обвинета.

    По несреќата, Михаилова добила со сериозни повреди на р’бетот, а нејзиното семејство тврди дека е потребна специјализирана медицинска интервенција во Бугарија.

    Македонските судови досега не ѝ дозволија да ја напушти земјата додека трае постапката. Бугарската страна смета дека на нејзината државјанка мора да ѝ биде овозможено соодветно лекување и поради тоа случајот го подигна на дипломатско ниво.

    Во меѓувреме, на 1 септември бугарските медиуми објавија дека Симеон Михаилов, таткото на Ива, по кого Македонија има распишано меѓународна потерница. Симеон Михаилов се бара врз основа на наредба на Основниот суд во Кочани за издржување казна затвор од 12 години и шест месеци за злосторничко здружување, насилство и обид за убиство. Тој во изјава за бугарските медиуми изјави дека се работи за политички мотивирана и криминална пресуда на македонските судови и дека и неговата ќерка е неправедно обвинета заради нејзиното бугарско државјанство.

    Софија инсистира на правата и лекувањето на Ива Михаилова, а македонските институции инсистираат на независноста на судската постапка и мерките што се одредени за обвинетата.

    Во меѓувреме, Бугарија очигледно нема намера да го затвори случајот. Петрова по средбата со мајката порача дека Софија останува „непоколебливо ангажирана“ за брзо и успешно завршување на случајот.

    Следното рочиште во Кочани е закажано за 28 септември

    Случаите на членовите на семејството Михаилови станува нова точка на тензии меѓу Скопје и Софија.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Посебно признание за младата пијанистка Ана Кузманоска: Нејзината изведба стана дел од музичката архива на професорот Димитрије Бужаровски

    Burberry is the First Brand to get an Apple Music Channel Line

    Барса и Реал Мадрид влегуваат во битка за потписот на дефанзивец на Баерн

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.