Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Два активни пожари на отворено кај Волково и Брњарци, Ангелов предупредува и на намерно палење
    Македонија

    Два активни пожари на отворено кај Волково и Брњарци, Ангелов предупредува и на намерно палење

    08/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во текот на денешниот ден се регистрирани нешто повеќе од пет пожари на отворен простор. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, ниту еден од нив не претставува посериозна закана, а се очекува пожарите наскоро да бидат ставени под контрола. Ангелов ова го соопшти преку видеоизјава од терен.

    Како што информираше директорот на ДЗС, во текот на вчерашниот ден биле изгаснати повеќе од 25 пожари на отворен простор. Најкомплексен бил пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, во близина на Самоков.

    „Пожарот навлезе на тешко пристапен терен каде што интервенираа голем број пожарникари од Македонски Брод и три пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување. Конечен удар на пожарот му зададе дождот што заврна на ова подрачје во текот на вчерашното попладне“, изјави Ангелов.

    Вчера бил регистриран и поголем пожар во Општина Новаци, при што изгорела поголема површина рамничарски предел. Пожарот бил запрен и изгаснат благодарение на интервенцијата на пожарникарите, локалната самоуправа и земјоделците, кои помогнале со механизација.

    Според информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска на територијата на државата биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор. Од нив, два се активни, додека четири се изгаснати.

    Активни се пожарите кај селото Брњарци во Општина Арачиново и во населбата Волково во Општина Ѓорче Петров, каде што гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во селото Бањица во Општина Чашка, селото Биџево во Општина Струга, селото Сенакос во Општина Врапчиште и на депонијата во Делчево, информира ЦУК.

    Ангелов им се заблагодари на македонските пожарникари за брзата реакција, како и на граѓаните за внимателноста. Сепак, тој нагласи дека постојат докази и за неколку намерно предизвикани пожари.

    „Апелирам до граѓаните и понатаму да бидат совесни и внимателни за ненамерно да не предизвикаат пожар. Секое сомнително однесување да се пријави на бројот 112 или во најблиската полициска станица“, порача Ангелов.

    Во однос на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, директорот на ДЗС информираше дека последните анализи покажуваат подобрување на квалитетот на водата во споредба со претходните мерења. Сепак, потребно е дополнително време пред водата да биде прогласена за безбедна за пиење.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    На Клиниката за онкологија пациентите чекаат со часови, решение нема

    (Фото) Холивудска убавица прави драстична промена на имиџот – сега е вистинска заводничка

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.