Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Хоџа: Не смее да има компромиси за случувањата во Гостивар
    Македонија

    Хоџа: Не смее да има компромиси за случувањата во Гостивар

    21/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што истакна Хоџа пред да бидат соопштени наодите од Инспекторатот за животна средина, институциите будно го следат развојот на случувањата. Тој изрази загриженост за сите заболени граѓани од Полошкиот регион.

    Министерот потенцира и дека снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Општините, напомена, се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставување и заштита на санитарните заштитни зони околу водните извори.

    „Би сакал да ги уверам гостиварчани дека Владата ги презема сите мерки, секако во рамки на своите надлежности, и така ќе продолжи се до конечно расчистување на овој случај. Важно е граѓаните да знаат и кои се законските надлежности. Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на водоводните системи, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните комунални претпријатија. Општините се првата линија на одговорност за безбедното функционирање на овие системи, како и за воспоставувањето и заштитата на санитарните заштитни зони околу водните извори. Истовремено, контролата на квалитетот на водата за пиење е законска обврска на Центрите за јавно здравје, кои имаат обврска континуирано да ја следат исправноста на водата и навремено да ја информираат јавноста и надлежните институции кога ќе се утврди ризик по јавното здравје. Министерството за животна средина и просторно планирање останува целосно посветено на обезбедување услови за подобра комунална инфраструктура“, објасни Хоџа.

    Тој напомена и дека во моментов се спроведува најголем инвестициски циклус за унапредување на водоснабдувањето, канализационите системи, пречистителните станици и заштитата на животната средина.

    „Ќе продолжиме да ги поддржуваме општините со инвестиции, стручна помош и политики кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Но, инвестициите сами по себе не се доволни. Секој носител на јавна функција и секоја институција и на централно и на локално ниво мора професионално, законски и совесно да ги извршува своите надлежности. Само така можеме да изградиме систем во кој вакви инциденти нема да се случуваат. Нашата обврска е да ја заштитиме животната средина, но пред сè да го заштитиме здравјето на граѓаните. Токму затоа очекуваме брза, темелна и транспарентна истрага, целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите инволвирани“, нагласи Хоџа.

    На прес-конференцијата во Владата се и портпаролката Марија Митева, директорката на Инспекторатот за животна средина Ивана Гиновска, како и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од политиката

    „Поточиња 2026“ на 18 и 19 април во Македонска опера и балет

    (Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.